РК Вардар: Немаме информации дека Стоилов има скршена рака

Директорот на РК Вардар, Давор Стојановски, изјави за „Дерби“ дека не располага со информации за евентуални повреди на ракометарите Дејан Манасков и Стојанче Стоилов, чии имиња се спомнуваат како жртви во синоќешниот скандалозен напад врз државните репрезентативци во ракомет.– Можам само да кажам дека се слушнав со Стоилов телефонски, но не добив информации дека тој има скршена рака како што објавија некои портали,- демантираше Стојановски. – Стоилов и Манасков треба да дојдат на вечерашниов тренинг,- рече Стојановски во телефонската изјава за „Дерби“.
Тренингот на РК Вардар вечерва е затворен за јавноста, како и сите други претходно, каде што се бара претходна најава за медиумите доколку сакаат да присуствуваат.– Можам само да кажам дека се слушнав со Стоилов телефонски, но не добив информации дека тој има скршена рака како што објавија некои портали

Пронајдете не на следниве мрежи: