РК Вардар оствари победа во „Златорог арена“

Златна победа на Вардар во „Златорог арена“ против Целје со 27-26 во првото коло од новото издание на Лигата на шампионите. Арпад Штербик е јунакот на блескавиот триумф, едноставно несовладлив на голот на „црвено-црните“, кои триумфално се враќаат во Скопје.Со вкупно 21 одбрана, 34-годишниот голман на Вардар заслужи место во идеалниот состав на првата рунда во ЛШ, а таму сигурно ќе се најде и Тимур Дибиров со неверојатниот гол во второто полувреме од крилна позиција и со серијалот прекрасни удари. Токму Дибиров беше најрасположен за погодоци и дури 11 пати ја затресе мрежата на домаќините. Рамо до рамо до него е Алекс Душебаев со 8 погодоци, а ефикасен беше и Немања Прибак со 4 реализации.
До полувремето „црвено-црните“ израмнија на 12-12, но повторно Целје диктираше темпо се до последната делница. Вардар поведе со 27-25 во 58. минута, со што навести дека ќе ги освои бодовите, кои вредат двојно бидејќи се освоени на гостински терен.
Во втората рунда на 4. октомрви во Скопје ќе гостува рускиуот тим Чеховски Медведи, екипа пто денеска е поразена дома од Веспрем со 32-37.Со вкупно 21 одбрана, 34-годишниот голман на Вардар заслужи место во идеалниот состав на првата рунда во ЛШ, а таму сигурно ќе се најде и Тимур Диб

Пронајдете не на следниве мрежи: