Во интервју, Роберт Дауни, Џуниор ги прекина шпекулациите за четврт дел од филмот „ Iron Man“.„Нема такво нешто“, изјавил Дауни. „Нема план за четврт дел од филмот“.
Актерот, кој во Торонто го промовираше својот нов филм „ The Judge“, потпишал со Марвел и Дизни за две продолженија на „ Avengers” кои ќе се појават во 2015 и 2018, но исто така изјавил дека не сака повеќе да глуми во супер херојски филмови.
Кога го прашале дали ќе „препушти“ некој друг да го игра Тони Старк, Дауни се насмеал на идејата.
„Ми се допаѓа идејата дека тоа би зависело од мене, како јас да сум директор на кастингот за Марвел“.
Неговиот колега од од филмот „ The Judge“ го советувал да не ја дава улогата никому.
Дауни исто така направи шега од можноста „ The Judge“ да стане трилогија кога зборуваме за тоа колку многу сака да работи со Дувал.
„Можеби ќе биде трилогиоја, ми се допаѓаат другите серии во кои тој учествувал, слушнав дека две од нив биле добри“
„Нема такво нешто“, изјавил Дауни. „Нема план за четврт дел од филмот“.
Актерот, кој во Торонто го промовираше свој