Снимките кои ги направил американскиот сателит покажуваат дека украинската војска го соборила малезискиот авион, тврди американскиот публицист и аналитичар Роберт Пери.Тој не го откри својот извор од американската разузнавачка служба, ме]утоа, тврди дека станува збор за сигурен извор од кој и порано добивал вистинитi информации во слични случаеви, пренесуваат медиумите.
Боинг 777 од „Малезија ерлајнс“, кој летал на релацијата Амстердам – Куала Лумпур, бил урнат на истокот на Украина. Во авионот се наоѓале 298 патници и членови на посадата, од кои никој не преживеал.
Украинските власти ги обвинија проруските борци дека го урнале авионот со ракета која наводно ја добиле од Русија. САД и голем број од западните земји ја поддржале оваа теорија и ја обвинија Русија и рускиот претседател Владимир Путин како одговорни за трагедијата.
Руската војска објави сателитска снимка која го покажува летот на малезискиот авион пред падот, со напомена дека авионот летал 14 километри над коридорот. Исто така, на снимката е прикажан и воен авион, за коj Русите тврдат дека и припаѓа на Украина, како лета на иста висина со боингот, на оддалеченост од три до пет километри непосредно пред падот на боингот. Покажани се и положбите на украинските ракети „Бук“ на истиот ден кога е соборен авионот.
Руската војска ги повика САД и тие да ги покажат своите сателитски снимки, со напомена дека и американскиот сателит го набљудувал тој дел од Украина дента кога паднал авионот.Тој не го откри својот извор од американската разузнавачка служба, ме]утоа, тврди дека станува збор за сигурен извор од кој и порано добивал вистин