Родители, ако вашето дете има некоја од ОВИЕ апликации во телефонот, ВЕДНАШ ТРЕБА ДА ЈА ИЗБРИШЕТЕ!

Дури и ако мислите дека вашето дете користи апликации на телефонот само за да остане во контакт со пријателите, сепак нема да биде лошо доколку детално ги проверите. Некои апликации, колку и да изгледаат наивно, можат да му наштетат на вашето дете. Не дозволувајте им на децата да ги имаат овие апликации.1. TINDER
Оваа апликација се користи за мување. Корисниците ги оценуваат профилите едни на други и ги гледаат нивните локации. Секој ден се прават околу 450 милиони нови профили.
Проблемот е во тоа што возрасните можат лесно да ги најдат малолетниците и една друга многу битна работа е што оваа апликација често се користи за злоставување преку интернет. Група деца или возрасни лица лесно можат да изберат некое дете и да му го загорчаат животот.
2. SNAPCHAT
Со помош на оваа апликација, корисниците едни на други си праќаат фотографии и видеа на сите кои се наоѓаат на нивната листа на пријатели. Оној што ја праќа датотеката може да определи колку долго таа ќе им биде достапна на примачите, по што таа се самоуништува.
Проблемот е во тоа што оваа апликација често се користи за сексуално допишување. Многумина се прелажуваат, па помислуваат дека таа е најсигурен начин за комуникација, но многу фотографии и видеа оттука завршуваат на порнографски сајтови.
3. BLENDR
Оваа апликација служи за запознавање на нови луѓе и преку неа се праќаат фотографии, пораки, видеа кои подоцна се оценуваат од страна на други корисници.
Проблемот е во тоа што не е потребна автентификација, па сексуалните манијаци лесно можат да стапат во контакт со малолетници, а малолетници можат да запознаваат возрасни.

4. KIK MESSENGER
Оваа апликација се користи за допишување и за сега ја користат над 100 милиони луѓе. Тие луѓе меѓусебно можат да разменуваат видеа и фотографии.
Децата ја користат оваа апликација за праќање селфи, а не постои добра контрола на содржината. Затоа им е лесно на постарите и сексуалните манијаци да дојдат до децата.
5. WHISPER
Оваа апликација е за исповед. Се нејзина помош, корисниците споделуваат мислења, фотографии и приказни. Но, оваа апликација ја открива и локацијата на корисникот, иако се пишува анонимно.
Без оглед на анонимноста, на оваа апликација децата поставуваат свои или фотографии од други деца, а корисниците можат да комуницираат едни со други врз основа на оддалеченоста. Но, никогаш не се знае кој се наоѓа од другата страна.
6. ASK.FM
Ова е една од најпопуларните социјални мрежи меѓу децата. На неа се поставуваат прашања на кои другите корисници даваат одговор.
Проблемот е во тоа што на оваа апликација децата често се здружуваат против едно дете и го понижуваат. Оваа апликација се поврзува со девет случаи на самоубиство во Америка и Велика Британија.1. TINDER
Оваа апликација се користи за мување. Корисниците ги оценуваат профилите едни на други и ги гледаат нивните лока

Пронајдете не на следниве мрежи: