Родители, внимание: Ако им понудите избор на децата – ќе изберат ОТРОВ!

Холандска рекламна агенција сними видео за својата влада, кое би требало да послужи како предупредување за сите родители на мали деца.Според податоците, во Холандија годишно се случуваат 7.500 несреќи со хемикалии кои се наоѓаат во домаќинството, а поголем дел од жртвите се мали деца.
За да ја кренат свеста за тој проблем, но и да го намалат бројот на деца кои завршуваат во болници, рекламната агенција Лемз им понуди на малите деца избор помеѓу отровните производи кои се наоѓаат во домот и играчките.
Користејќи скриена камера, сензори кои го следат движењето на очите и монитор за мерење на отчукувањата на срцето, агенцијата успеала да одреди кои предмети најмногу ги привлекувале децата.
Преку половина од децата (51%), ги привлекле хемикалиите. Од нив, 50% посегнале по отстранувач на дамки, 64% по боја, а 82% по избелувачи. Најпопуларни за играње биле детергентските коцки.
Видеото завршува со едноставно предупредување: „Не нудете им избор на децата“.Според податоците, во Холандија годишно се случуваат 7.500 несреќи со хемикалии кои се наоѓаат во домаќинството, а поголем дел од жртвите се мали д

Пронајдете не на следниве мрежи: