Родоверие е природна и вродена духовнност, исконски својствена во душата човечка. Родоверието се заснова на самите природни работи, на постоечката реалност, а не слободните невистини за човекот , светот и Бога. Родоверие е пред се однос према светот и начинот на битисување во истиот, хармонија со Природата, потоа погледот на светот кој човек го создава врз основа на неговото познавање. Родоверие е родобожествие, кој соединува во себе еднобожје и вишебожје, почитувајќу го Свебожијот род – еден во својата суштина и истовремено многулик во својата манифестација (Родните Богови – ликовите на Родот). Родоверие е природобожност , односно обожување и почитување на духовното единство на Мајката природа и Таткото на Родот. Родоверието не учи дека секој од нас е син или ќерка на Татковиот Род и Мајката Природа и сите живи битија се наши браќа и сестри во едното Божјо семејство. Родоверието е родољубие бидејќи е засновано на љубовта човекова према Родот и родените и љубовта према Родот на сите свои деца. Родоверието не претставува некакво верско друштвено надградување, тоа всушност претставува неразделен дел од секојдневниот живот. Родоверие е пред се пракса а потоа верба , неговите следбеници се она што навистина се , твоето дејание е поважното наместо тоа како се гледаш ти во твојата машта и во она што веруваш. Родоверие опфатува различни верувања и обреди, но не се ограничува на едно од нив, а со самото тоа во Родоверието неможе да се положи правото на само еднолично поседување на Вистината во нејзината потполина целина. Родоверието не е вера во Бога или Богови, него како прво познавање на Божјото и Природното – научно и духовно (ведско) знаење а како второ е вера во Боговите и лично духовно искуство, и како трето, верност во заветите на предците кои секако имаат логично односно божествено образложение. Родоверието нема никаква црковна хиерархија, не ги обврзува сите свои следбеници да учествуваат во заедничите богослужби и молитвени собири, да посетуваат светилишта и храмови во одредени часови и во строго одредени денови, да се носи иста облека итн. Родоверието го прифаќа најпрво светилиштето во самото срце човечко, потоа свеживата Природа во целина , поедините природни светилишта (местата каде има Сила и енергија и со нив поврзани свети камења , свети реки, планини, свети дрвја итн , а тек на последно место се наоѓаат рацетворните светилишта односно храмовите. Родоверието нема потреба за посредници помеѓу човекот и Родните Богови , Природата и секој е слободен да се обраќа на Родните Богови онака како му прилега и како му говори срцето. Родоверие е живо учење за животот, кој постојано се развива, заедно со развојот на светот, потпирајќи се притоа на повеќето духовни темели, кои остануваат непроменети со милиниуми. Родоверието е љубов према Родната Земја (не станува збор за никаква држава која претставува ограничување) подржување на Родниот Искон и откривање на Родните спомени – мудроста на предците, при тоа љубовта на родното не треба да се мери со мрзењето на туѓото, односно ”Проучија мудроста на другите родови, но следи ја мудроста на својот род!” Родоверие, во целина може да биде изразено со следново ”Свето цени ги Родните Богови и предците, живеј по совеста и во склад со Природата, а доколку трагаш по поголемо знаење, спознај се себеси”.
Напомена: Кога се спомeнуваат светлите Богови на словените-ариевците во буквална смисла се верува дека они се нашиот Род. РОД е еден од Севишниот Богови прародителот, креаторот на живите и неживите битија во приРОДата.. Меѓутоа под истиот поим „Богови”се именувани и хуманоидните битија кои слегуваат на Земјата со интергалактички воздухопловни апаратури наречени Вајмани и Вајтмари пред илијадници години од кои врховниот водач се нарекувал Перун и самиот се сметал за чедо Сварогово – (Словенско Ариевски Веди-Книга 1). Они имале прекрасни и титански пропорции на телата, сила, технологија, свесност и мудрост што ја пренесувале на луѓето и ги учеле за многу работи во секаков културолошки поглед… Они ја населуваат планетата Земја во северниот дел, земјата наречена Даарија (Хипербореа или Арктогеа) која некогаш била многу бујна и плодна но после катаклизмата што се случила поради одредени причина се нашла и сеуште се наоѓа под лед, но од тие многу далечни времиња па до денеска земјата претрпела огромни географски промени. Сепак станува збор за физички битија, но секако енергијата и фреквенција биле сосема поинакви него денеска а со самото тоа и густината на постоњето и свеста на луѓето. Перун истотака се молел и верувал во Еден Бог кој бил Еден и Единствен, но дури и недостижниот светол Бог Сварог кој се наоѓал во најдуховниот свет Права, бил далку од Големиот РА-М-ХА креаторот на целовкупното галактичко, мултиверзумско и мултидимензионално постоење.
Слава Божја и Слава на Нашите Премудри Предци!
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.