Рокот за пријавување за учество на Манифестацијата Бела ноќ истекува на 01 јули 2014 година

Градот Скопје и Младинскиот културен центар, неодамна, распишаа ПОВИК ЗА УЧЕСТВО на уметници што на есен ќе бидат дел од еднодневното културно раздвижување на Скопје, насловено како „Бела ноќ“, што ќе се одржи на 4 октомври 2014.Годинава на јубилејното 10. издание на настанот БЕЛА НОЌ ќе бидат опфатени следниве области: визуелни уметности (ликовна уметност, фотографија, инсталација, видеоарт, стрип и кибернетичка уметност), применети уметности (архитектура, визуелен/индустриски/веб дизајн, мода, дигитални креации), музика, филм и јавна уметност и урбани точки.
Селекцијата на уметниците ќе биде направена од организаторите. Уметниците ќе бидат избрани според приложените дела. Квалитет, иновација и карактер во опсег на предложениот концепт, се главните критериуми при селекцијата на уметниците и нивните дела. Притоа, дозволени се сите уметнички форми и медиуми реализирани со кои било инструменти или техники.
Со цел да земат учество на повикот, уметниците треба да ги поднесат следниве документи:
– биографија со личните податоци за уметникот или групата
– фотографии/ ДВД/ ЦД/ скици и цртежи
– промотивни материјали (доколку ги има): каталог, брошура, рецензии, осврти…
– пополнета и потпишана апликација ( можете да ја симнете на www.belanok.mk)
Апликациските форми заедно со дополнителните документи треба да бидат испратени најдоцна до 01 јули 2014 година, на следниве адреси:
Младински културен центар, со назнака (ЗА БЕЛА НОЌ 2014), Кеј Димитар Влахов 15. 1000 Скопје, Македонија или по пат на електронска пошта на [email protected].Годинава на јубилејното 10. издание на настанот БЕЛА НОЌ ќе бидат опфатени следниве области: визуелни уметности (ликовна уметност, фотографија

Пронајдете не на следниве мрежи: