Модриот домат има висока биолошка и здраствена вредност. Резултатите од многу истражувања потврдуваат дека биохемиските состојки што се наоѓаат во овој зеленчук може да го намалат холестеролот во крвта.Модриот домат, исто така е извор на калиум, и тоа содржи 226 мг. во 100 гр., што овозможува нормална размена на водата помеѓу клетките и ја подобрува работата на срцевиот мускул.
Состојки:
1 мала лажица Црн пипер
300 грама Тиквичка
малку Сол
400 грама Сирење
малку Рузмарин
100 грама Пршута
300 грама Модар Домат
30 милилитри Маслиново масло
100 грама Маслинки
2 Жолчки
Доматот и тиквичките измијте ги, исечете им ги врвовите и исечете ги на тенки листови со дебелина од околу 3-4 мм.
Рузмаринот и маслинките ситно насецкајте ги, а пршутата на покрупни коцкички. Сето тоа заедно измешајте го во свежото сирење. Додајте ја жолчката, посолете, попиперете и се заедно убаво измешајте. Од смесата земајте и ставајте врз листовите од тиквичка и модар домат, па виткајте ролати, а по потреба употребете и чепкалки. Ролатчињата густо наредете ги во еден огноотпорен сад премачкан со маслиново масло. Садот ставете го во загреана рерна и печете го 20-35 минути или додека ролатчињата убаво не пожолтат и убаво се запечат. Потоа, извадете ги од рерната и послужете.
Повеќе рецепти можете да најдете на najadise.mkМодриот домат има висока биолошка и здраствена вредност. Резултатите од многу истражувања потврдуваат дека биохемискит