Роман Лелјак: Акциите на УДБА против Македонците ги одобруваше вашиот ЦК

Зад ликвидацијата на припадниците на македонската, хрватската и српската политичка емиграција во периодот на поранешна Југославија стои посебна „Група А“ формирана од страна на УДБА, која имала тајни овластувања да врши убиства, киднапирања и следења. Нејзиното седиште било во Љубљана, Словенија, и дејствувала во периодот од 1969 до почетокот на распадот на Југославија во 1989 година. Припадниците на оваа тајна група го киднапирале и најпознатиот македонски дисидент Драган Богдановски во Париз, од каде што прво го донеле во Словенија, наведува Роман Лелјак, познат словенечки публицист кој подолго време ја истражува работата на тајните југословенски служби.
Што сè содржи Вашата книга, кој е резултат на истражувањата што сте ги правеле?- Јас ќе одржам и предавање на тема дејствувањето на УДБА во западноевропските земји, најмногу насочено против екстремната емиграција, од Хрватска, Македонија, Србија, а посебно ќе зборувам какви сè средства и методи биле употребувани во тоа предвидени со посебните правилници што не ~ биле познати на јавноста, а кои биле надвор од јавниот правен систем. Особено за ликвидации, киднапирања, следењата што во тоа време биле правени.Kакви сè методи биле применувани и каде и како биле определени за употреба од страна на УДБА?- Употребата на тие методи била дозволена преку соодветни тајни листови и тајни правилници. Во нив било точно предвидено кој дава овластувања и како се изведува целата операција, односно, со тие тајни акти предвидена е цела „правна“ процедура за одредени акции. Сето ова јас сум го објавил во две книги, во првата која вечерва ќе ја промовираме во Скопје и во втората, „Тајните документи на УДБА за ликвидации“, кои се веќе објавени на хрватски јазик.Kако дојдовте до документи за тие книги?- Истражував во Државниот архив на Република Словенија и во Архивот на Република Србија во Белград. И двете книги се напишани врз основа на документите кои таму ги открив.

 
Што содржеа тие тајни правилници?- Тоа беа тајни правилници надвор од легалниот правен систем. Сепак, тие беа официјализирани, но тајно, преку тајни службени гласила, надвор од тогашниот правен систем. Во нив, повторувам, беа определени методи и средства на работа на органите против екстремната емиграција. Со тие правилници точно се предвидувало како се изведувала ликвидацијата, односно, „парализација“, како што било напишано во тие акти, како се изведувало киднапирање, следење и слично.Kој даваше налог за вршење ликвидации, киднапирања…?- Службата на државната безбедност секогаш мораше претходно да ја добие согласноста на Централниот комитет на Сојузот на комунистите на оние републики од кои потекнуваа екстремните емигранти. Ако, на пример, се работело за акцијата против Драган Богдановски во Франција, тогаш морало да има одобрение на шефот на македонската УДБА, шефот на ЦK на СKМ и на шефот на Сојузната југословенска УДБА во Белград.Kој, конкретно, ги извршуваше акциите на теренот?- За акциите се употребувала посебна група. Постоел конкретен Правилник за „Група А“, составена од посебно селектираните припадници на УДБА. Таа група ги имаше сите овластувања да врши убиства, киднапирања и сè друго. Нејзиното седиште беше во Љубљана и таа оттаму дејствуваше. Поради тоа, ако се сеќавате, и Драган Богдановски по киднапирањето беше прво донесен во Љубљана, а потоа префлен понатаму. Самата „Група А“ беше составена најмногу од припадници на словенечката УДБА, но во нејзиниот состав можеа да влезат и припадници од други југословенски републики. Нејзините членови мораа да имаат високо образование и да знаат странски јазици. Kога била формирана во 1969 година таа имала 17 службеници, а на крајот, во 1989 година, до распадот на Југославија – 45.22 ликвидации во ГерманијаСе знае ли колку ликвидации извршиле нејзините припадници?- Јас утврдив дека само во Германија имало 22 случаја, а во Австрија два. Акции имало и во Шкотска, Шпанија, Јужноафриканската Република… Што откривте во случајот на Драган Богдановски?- Посебно сакам да зборувам за македонската емиграција која работела под надзорот на СДБ, како и за следењето на Македонската православна црква. И за тоа најдов документи во Љубљана и во Белград. Има околу 100 документи поврзани за тие акции. „Група А“ во 1977 година добила задача да го киднапира Богдановски и за тоа се подготвувала еден месец. Биле ангажирани 12 словенечки службеници, кои, пак, ги ангажирале своите соработници во Париз. Дошле и тројца припадници на СДБ на Македонија и тие, исто така, употребиле свои француски соработници. Потоа ја спровеле акцијата, го киднапирале и го префрлиле во Југославија.Се знае ли нешто за случајот со Благој Шамбевски?- Тој случај ми е познат, но не сум го третирал посебно и во детали.Kоја била последната акција на „Група А“?- Тоа беше непосредно пред распадот на Југославија, во 1989 година. Во тој случај цел за ликвидација бил хрватскиот емигрант Никола Штедало. Во него е пукано, го погодиле со седум куршуми во главата, но сепак, преживеал.
Извор: ДневникПрипадниците на оваа тајна група го киднапирале и најпознатиот македонски дисидент Драган Богдановски во Париз, од каде што прво го донеле во Слове

Пронајдете не на следниве мрежи: