Ромео Бекам – вистинско мало фраерче

Додека Дејвид Бекам го рекламира светскиот ланец на улична мода на радост на обожавателите и го покажува своето тело, потврди дека улогата како модел совршено му одговара истовремено неговиот помал наследник, 10 годишниот син Ромео, кој освојува со рекламите за модниот бренд „Барбери“.
Ромео целосно го освои модниот гигант кој промоцијата за новата колекција мудро му ја доделија на 10-годишното дете.
Првиот моден ангажман на средниот син на Викторија и Дејвид Бекам предизвика многу големо медиумско внимание, а 10-годишниот Ромео совршено ја одработи работата што се потврдува со тоа што е продолжена соработката со модната куќа „Барбери“ со симпатичното дете.
Најнови фотографии за колекцијата пролет/лето 2013 повторно во прв план го ставија Ромео кој со широка насмевка и самоувереност позира со доста постари модели и совршено добро се забавува.
Облечен во металик кошула, сини патики и тесни фармерки со две торби во рацете кои се земени од женските модели, малиот Ромео многу потсетува на своите родители и јасно оди по нивните чекори.
Фото: „Burberry“Додека Дејвид Бекам го рекламира светскиот ланец на улична мод

Пронајдете не на следниве мрежи: