Ромски пар верува дека по грешка им е дадено дете со сини очи

Ромското семејство Османовиќ од Сплит, се сомневаат дека во болница им го замениле бебето, бидејќи тоа бебе што го добиле има светла кожа и сини очи.
Па со оглед на тоа дека Ромите имаат темен тен, тие претпоставуваат дека бебето е заменето.
По проверената документација во болницата не се утврдени никакви неправилности.
-Искрено, не помнам баш најдобро, дали после породувањето ми го покажаа бебето, но знам дека веднаш го однесоа во инкубатор. Имаше температура 39 и примаше антибиотици. Го видов по два дена- вели мајката.
Кога влегов кај бебињата инстиктивно појдов кон едно бебе со темен тен.
-Мислев дека тоа е моето бебе-моето девојче, но сестрата ми рече дека не е. Морам да признаам кога ја видов бев изненадена, но ништо не проговорив- вели мајката.
-Знаеме дека ДНК анализата ќе ги разреши нашите сомнежи но ние немаме пари за тоа- вели таткото на бебето.
Сепак, со оглед на големиот интерес на јавноста, болницата одлучила да направи ДНК анализа бесплатно.
Наскоро ги очекуваме резултатите.
 Ромското семејство Османовиќ од Сплит, се сомневаат дека во болница им го замениле бебето, бидејќи тоа бебе што го доб

Пронајдете не на следниве мрежи: