Росискаја Газета предвидува поголема поддршка за Груевски и покрај притисоците од ЕУ!

Росискаја Газета (Rossiyskaya Gazeta), публикација на Руската влада, предвидува уште поголема поддршка на Груевски од граѓаните на Македонија, посебно поради притисоците кои ЕУ и Западот ги извршува врз премиерот Никола Груевски, но и по заканите на европратеникот Ричард Ховит дека Македонија ќе ја изгуби поддршката на ЕУ доколку Заев биде уапсен.„Европскиот парламент на 21 мај му даде краен рок до 31 август на премиерот на Македонија Никола Груевски да ја поправи состојбата и да ги реши сите несогласувања со лидерот на опозицијата. Ако тоа не го направи, Груевски може да заборави на влез на Македонија во ЕУ, иако земјата е кандидат за членство од 2005 година.“
Еден од членовите на Европскиот парламент, Ричард Ховит сѐ уште не ја исклучува можноста да се формира преодна влада – „Ние сѐ уште внимателно ја следиме состојбата” – изјавил Ховит за Росискаја Газета.
– Се разбира, ние не можеме, а да не забележиме дека за промоција на протестите тука во Македонија се корисити истиот шаблон кој се користеше во напорите за правење на обоена револуција во неколку други земји, вклучувајќи ја и Украина – изјавил за Росискаја Газета Амбасадорот на Руската Федерација во Македонија г-дин Олег Шчербак.
– Методите се речиси идентични, организацијата на опозицијата, поддршката од НВО финансирани од Западот, воспоставување на шатор-кампови, спроведување на добро координирана медиумска кампања за дискредицатција на актуелната власт, обвинувања за наводни смртни гревови, организирање на најразлични видови на провокации.
Впрочем, 6-ти мај беше обид да се направи провокација со нападите на опозицијата врз полицијата. Меѓутоа, полицијата покажа голема воздржаност, се воздржа од употреба на сила и напад и не даде причина да се направи врева за наводна употреба на прекумерна сила.
Мислам дека граѓаните имаат доволно мудрост и ќе се откажат од манипулациите на опозицијата преку активности да ја дестабилизираат сопствената држава Македонија. Впрочем, јасен доказ за тоа беше и активното учество на преку 100.000 граѓани на 18-ти мај на митингот против обидите на опозицијата за неуставна промена на власта – изјавил Олег Шчербак Амбасадор на Руската Федерација во Македонија за Росискаја Газета.
Според Росискаја Газета, најверојатно сега опозицијата ќе ја промени тактиката бидејќи видоа дека многу поголем број луѓе се против нивните обиди. Дополнително тоа што доаѓа лето, времето станува се понеподносливо.
– Македонците не сакаат револуција, тие сѐ уште многу добро се сеќаваат на сценаријата и тензиите за време на конфликтот од 2001 година – изјавил Директорот на Центарот за истражување и анализа Александар Митовски за Росискаја Газета.
Затоа и не очекуваме конфликт или војна. Но, меѓународната заедница се обидува со најразлични методи да изврши притисок врз премиерот. На пример, нема да ме чуди доколку тие вршат притисок премиерот да прогласи предвремени избори. Но и тоа да се случи, премиерот ја има поддршката од 500.000 гласачи, а доколку има предвремени избори истата поддршка ќе биде уште поголема. – изјавил Александар Митовски директор на Центарот за истражување и Анализа за Росискаја Газаета.
Според Росискаја Газета, доколку премиерот прифати предвремени парламентарни избори, тој ризикува да биде изигран од меѓународната заедница бидејќи тогаш тие би можеле да го притиснат и да се формира и преодна влада. Тие исто така би можеле тогаш да ги активираат и меѓуетничките тензии помеѓу Албанците и Македонците. – се вели во анализата на Росискаја Газета.
Во своето деветгодишно владеење, Владата на премиерот Груевски ги има најдобрите економски резултати во регионот со 3.8% раст на БДП во 2014 година, особен придонес во привлекувањето на странски инвеститори во 14 индустриски зони, невработеноста е намалена за 10.5% .
Сепак и покрај ваквите успеси, ЕУ ќе сака да го воведе во нова замка премиерот Груевски, особено по заканите на Ховит дека доколку не се реши кризата до 31 август Македонија може да ја изгуби поддршката од ЕУ, без разлика на тоа што Македонија е во чекалната од 2005 година, а најверојатно ќе остане таму до 2020 година.
Во меѓувреме, Груевски одбива да игра по принципот на „блок”, односно тој сака да соработува со сите, Македонија да биде отворена за соработка сите, наспроти принципите на Западот кои наметнуваат „или си со Западот или со Истокот“.
Впрочем, Груевски во пракса ги спроведува принципите на ЕУ за отвореност и соработка, принципи кои во ЕУ се само декларативни. – се вели во анализата на Росискаја Газета.„Европскиот парламент на 21 мај му даде краен рок до 31 август на премиерот на Македонија Никола Груевски да ја поправи состојбата и да ги ре

Пронајдете не на следниве мрежи: