Розева лимонада од грејпфрут

Има ли нешто поубаво од еден освежителен пијалок во жешките летни денови? Генерално, секој сок може да ве разлади, но розовата лимонада од грејпфрут е предлог што вреди да се проба.
Потребни состојки:
2 розови цели плодови грејпфрут
6 лажици овошен шеќер (по желба + малку шеќер за декорација на чашата)
Ладна вода и мраз
Нане за декорација
Начин на подготовка:
Исцедете ги двата грејпфрута за да остане само сокот, без никакви честички од плодот. Истурете го во соодветен бокал, додадете шеќер и мешајте додека не се растопи. Потоа додадете вода (според тоа колку силен сакате да е вкусот на грејпфрутот – или разредете со повеќе вода, или ставете помалку). Препорачаниот сооднос е 1/3 сок од грејпфрут и 2/3 ладна вода.
Откако сте го украсиле работ на чашата со малку шеќер, истурете ја лимонада, додадете мраз и неколку ливчиња нане за свежина.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.