РСБСП: Уништувањето на патната сигнализација ја загрозува безбедноста во сообраќајот

„Шарената револуција“ го доведе во прашање животот и безбедноста на учесниците во сообраќајот со уништување на дел од сообраќајната и патната сигнализација во Град Скопје.По тој повод денеска реагираше и Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот со цел да се стави крај на вандализмот и да се заштитат граѓаните и нивната безбедност, бидејќи животот нема цена.
Ристо Манчев секретар на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата истакна дека РСБСП најостро го осудува секој чин на уништување на сообраќајната сигнализација затоа што на тој начин директно се загрозува безбедноста на учесниците во сообраќајот.
– Апелираме до надлежните институции веднаш да превземаат мерки за поставување на сообраќајната сигнализација согласно сообраќајните правила и прописи. Исто така апелираме до они кои што тоа го првата да покажат чувство на одговорност и свесност затоа што граѓаните на Р. Македонија тоа може да го платат со својот живот, кој патем може да биде нечие дете, нечиј родител, брат или сестра, истакна Манчев.
Тој потенцираше дека уништувањето на патната сигнализација не може да има никакво оправдување и тоа всушност претставува непочитување на животот, здравјето и безбедноста на учесниците во сообраќајот.
Од РСБСП апелираат и до матурантите да бидат внимателни и одговорни учесници во сообраќајот и да не користат моторно возило за време на прославата на матурските вечери.
-Согласно законот за безбедноста во сообраќајот на патиштата, возачите почетници всушност и немаат право да употребуваат моторно возило   од 23 часот до 5 часот наутро. Толеранцијата на алкохол секако е нула, рече Манчевски.По тој повод денеска реагираше и Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот со цел да се стави крај на вандализмот и да се заштитат граѓаните

Пронајдете не на следниве мрежи: