Едноставно, брзо јадење кое можете да го послужите како прилог или главно јадењеСостојки:
1кг компир
1 мал кромид
150гр мисиркина шунка
300мл павлака
80гр пармезан
1 јајце
сол
бибер
сецкан магдонос
Подготовка
Ставете на оган тенџере со вода. Измијте го и излупете компирот и исечете го на кругови. Посолете ја зовриената вода и ставете го компирот да се вари десетина минути, зависно од дебелината, но немојте да го преварите.
Измешајте ја павлаката(убаво е да измешате пола кисела пола неутрална павлака), јајцето и пармезанот.
На малку масло пропржете го кромидот, додајте ги коцките мисиркина шунка(оставете малку настрана за да посипете врз компирот). Пржете неколку минути да се соединат вкусовите.
Вклучете ја релната на 200 степени
Исцедете го готвениот компир, намачкајте го огнотпорниот сад со малку путер. Наредете го компирот во садот и полијте со мешавината од павлака и дададете го кромидот и мисиркината шунка. Измешајте ги сите состојки. На крај ставете ја и преостанатата шунка, доадете ситно исецкан магдонос. Печете додека компирот не добие златно жолта боја, околу половина час.
Добар апетитСостојки:
1кг компир
1 мал кромид
150гр мисиркина шунка
300мл павлака
80гр пармезан