Ручек за на работа за само 5 минути

Рецептите со нудли од секогаш биле популарни, бидејќи можат да се подготват на различен начин за да одговараат на сечиј вкус. Сепак, ваков забавен и инвентивен рецепт сигурно се уште не сте виделе.  Доколку не знаеете што да понесете на работа за ручек, дозволете да ви покажеме неверојатни нудли од тегла кои се подготвуваат за пет минути.
Ќе ви биде потребно:тегла која добро се затвора, зготвени нудли, смрзнат грашок, свеж копар, исецкан кромид, база за пилешкасупа и бело пилешко месо.
Подготовка:
Во теглата прво ставете го смрзнатиот грашок. Додајте ја базата за супата, пилешкото месо, кромидот, нудлите и копарот. По желба можете да да додадете и друг зачин, друг зеленчук или коцка за супа доколку немате подготвена база.

Едноставно затворете ја теглата и понесете ја на работа. Кога степодготвени за јадење, се што треба да направите е да додадете малку врела вода, за супата да се раствори а зеленчукот малку да да омекне. Оставете да отстои пет минути.
Кремастите нудли со зеленчук и месо се подготвени! Уживајте во здравиот и брз ручек, кој може да се подготви во безброј варијанти. Предложуваме да експериментирате и со соја сос.Доколку не знаеете што да понесете на работа за ручек, дозволете да ви покажеме неверојатни нудли од тегла кои се подготвуваат за пет минути.

Пронајдете не на следниве мрежи: