Русија доведува две напредни оружја во својата служба: Борбен авион од петта генерација Т-50 и ракетни системи S-500

Воздушните сили на Русија во 2016 година ќе воведат две напредни оружја. Командантот на руските воздушни сили Виктор Бондарев, изјави за руските медиуми дека Русија има планови за модернизација на авионите и ракетните системи, пренесува Раша тудеј.Пробните летови на авионите Т-50 наскоро ќе бидат готови. Руските воздушни сили планираат да воведат нови авиони во употреба.
Т-50 е прв руски воен авион од петта генерација, кој го развива компанијата „Сухои“. Досега се направени пет прототипи кои учествуваат во интензивни тестирања.
Планирано е новиот авион да го замени „СУ-27С“.
„Авионот учествуваше во меѓународните акробатски натпреварувања. Верувам дека има сјајна иднина“, рече Бондарев.
Втор новитет се ракетните системи Ѕ-500. Производителот развива проектили за системот кој ќе има напредна електроника за наведување.
„Проектилите ќе имаат вграден систем кој ќе го анализира подрачјето и радарите. Радарите ќе им ја одредуваат брзината и насоката“, рече Бондарев.Пробните летови на авионите Т-50 наскоро ќе бидат готови. Руските воздушни сили планираат да воведат нови авиони во употреба.
Т-50 е прв ру

Пронајдете не на следниве мрежи: