Русија го создаде првиот виртуелен клон на човекот

Научниците од државниот универзитет „Лобачевски“ во Нижниј Новгород, со помош на суперкомпјутер создадоа виртуелен клон на човекот чија цел е да помогне во работата на медицинските лица, пренесоа агенциите. На него сега однапред ќе можат да се моделираат оптималните методи на лекување.Со помош на компјутерот наречен „Лобачевски“, дизајниран е виртуелен модел на човечкиот организам. Само за срцето се користат повеќе од 50 милиони параметри. Сега медицинските лица без хируршка интервенција ќе можат да извршат детален преглед и ако е потребно, да го проучуваат детално секој орган.
Освен тоа, научниците можат да го изменат виртуелниот клон и да го програмираат така параметрите да му одговараат на оние на даден човек и на неговите физиолошки особености.
Со помош на виртуелниот клон можат да бидат анализирани различни опции на лекување на болниот пациент и да биде избран соодветниот третман за лекување. Извршувањето на такви експерименти се невозможни за тестирање врз жив човек. Според научниците, создавањето на виртуелен човек е комплексна задача и голем сметачки експеримент кој може да биде извршен само со помош на суперкомпјутер. „Лобачевски“ почна да работи во универзитетот во 2014 година. Неговите перформанси изнесуваат околу 600 терафлопси.
Тоа значи дека за една секунда, тој може да изврши илјада операции – што повеќе од обичен персонален компјутер.
„Лобачевски“ е втор суперкомпјутер во Русија по аналогија во Московскиот државен универзитет и влегува во топ-100 листата на најмоќни компјутерски машини во светот.Со помош на компјутерот наречен „Лобачевски“, дизајниран е виртуелен модел на човечкиот организам. Само за срцето се користат повеќе од

Пронајдете не на следниве мрежи: