Новото место на судир на големите сили е токму во Македонија. САД го следи примерот кој го научи во претходните два случаи за да ја фрли земјата во хаос со обоена револуција. Имено, како што пишува Корибко, терористите во Куманово требале да ги координираат своите напади со “обоените револуционери” со цел да се дестабилизира Македонија. Тие се познати алатки на неконвенционално војување кои ги користат САД за промена на режими, пренесува Журнал.нетСАД и Русија во изминатиов период се вплеткани во жесток натпревар во средина на новата студена војна, а нивното последно ривалство е на прагот да кулминира во Македонија. Тоа веќе се случи во Украина иако таму се уште се борат додека пат ситуација владее во Сирија. Тоа неодамна го напиша американскиот новинар и политички аналитичар Андреј Корибко за “Русија инсајдер”.
Новото место на судир на големите сили е токму во Македонија. САД го следи примерот кој го научи во претходните два случаи за да ја фрли земјата во хаос со обоена револуција. Имено, како што пишува Корибко, терористите во Куманово требале да ги координираат своите напади со “обоените револуционери” со цел да се дестабилизира Македонија.
Тие се познати алатки на неконвенционално војување кои ги користат САД за промена на режими.Со сите погледи вперени во Македонија за да видиме што следно ќе се случува во третата рунда, треба да се присетиме на претходните две рунди на нивната конфронтација.
Исто сценарио, различни држави
Тоа што се случува во Македонија е продолжение на испробани и проверени американски тактики, а следи потполно исто сценарио кое се случи во Сирија и Украина пред тоа. Шаблонот кој САД го воспостави за промена на режими е видлив во Македонија, а беше усовршен токму во Сирија и Украина. Кога е одбрана државата за асиметричен напад, САД спроведува обиди за обоена револуција за да промовира “мека” дестабилизација (која за волја на вистината, како што може да се види од сириските и евромајданските иновации, вклучува прилично крвопролевање).
Ако оваа тактика не успее да ја симне демократски избраната и легитимна власт, тогаш САД почнува да спроведува војна со неконвенционални средства (тероризам и побуна) за да го зголеми притисокот надевајќи се дека тоа е доволно да ја сруши власта. Крајното сценарио во сите случаи е да испровоцира конвенционална воена интервенција, ако претходните два обиди не се успешни иако денеска се очекува таа сила да биде маскирана како “хуманитарна интервенција”. САД успеаја да ја срушат украинската влада со помош на обоената револуција, но тоа не помина во Сирија, па затоа дојде до ескалација во неконвенционална војна.
Истата работа се случува во Македонија, па се до борците кои се тренирани од Исламската држава. Темата во позадина која ги поврзува Сирија, Украина и сега Македонија е тоа што тоа се посредни војни меѓу САД и Русија, со Вашингтон кој игра деструктивна офанзивна улога додека Русија одржува стабилизирачка дефанзива. Имено, САД тежнее да наметне промена на режимите во тие таргетирани држави, додека Русија активно работи на засилување на владите да можат да одолеат на нападите.
Руско-украинската и руско-сириската стратешка соработка во текот на овие кризи за промена на режими е добро позната, но во случајот на руско-македонските односи, врските се многу поделикатни и се прикриваат во сенка. Поради македонскиот “официјален” став за приклучување на НАТО и ЕУ, нејзината влада и разузнавачките служби не можат отворено да бидат доведени во врска со соработката со нивните руски колеги, поради тоа, таквите релации се кријат во сенка. Додека некои би можеле да размислуваат дали такви врски воопшто постојат, може само да се запрашаат дали руските разузнавачки служби помогнале во разоткривањето на обидот за симнување на македонските власти поради прислушувањето, посебно кога западните служби треба да се обвинат за ситуацијата.
Дополнително, поставувањето на членот на московскиот државен Институт за меѓународни односи за македонскиот амбасадор во Русија јасно говори за намерата на Скопје да ги продлабочи врските со Москва. Дополнително, Русија ја поддржа Македонија кога се случи терористичката генерална проба во Гошинце, а потоа искажа силна осуда на терористичкиот напад во Куманово и обидот за обоена револуција на Зоран Заев. Исто така, Македонија беше една од ретките земји која го испрати својот претседател во Москва да присуствува на Денот на победата и која не воведе санкција против Русија.
Од енергетски војни до вистински вооружени судири
Сите три геополитички конфликти во новата Студена војна се испреплетени со енергетската стратегија на САД во Евроазија и желбата на Вашингтон да доминира со клучните транзитни рути на суперконтинентот. Така, во Сирија, претседателот Башар ел Асад прифати да биде изграден гасовод на пријателство со Иран и Ирак со цел доведување на гас од Персискиот Залив за растечкиот пазар на ЕУ. Тоа не одговараше на катарските и саудиските планови за ривалскиот гасовод кој минува низ Јордан и Сирија и ја снабдува ЕУ со нивните ресурси.
Откога Асад ги одби заливските монархии во корист на своите долготрајни ирански сојузници, донесена е одлука за рушење на неговата влада, па се случија обоената револуција и адекватната неконвенционална војна. Бидејќи гасоводот не е изграден, а веројатно нема ниту да биде изграден така брзо, значи дека државите од ЕУ остануваат во униполарната сфера на американско влијание бидејќи Вашингтон го сопре многу значајниот извор на енергија за ЕУ. Затоа, следниот чекор би бил неутрализирање на единствениот дистрибутер кој не е контролиран од САД, а ја снабдува ЕУ,
Русија, со киднапирање на еден од најважните геостратешки рути и нивното ставање под американска контрола. Тоа е Украина и во оваа битка, САД маневрираа за да стекнат контрола над критичните гасоводи кои минуваат низ територијата на Украина, знаејќи дека тоа би можело да ги доведе во влијателна позиција над ЕУ но и над Русија. Што се однесува на Македонија, може да се заклучи дека се работи за последица на американската војна за Украина и руските противмерки во вид на турско-балканскиот тек. Така почна војната во Македонија. САД се одлучни во врска со уништување на турско-балканскиот тек чие постоење го доживуваат како обезвреднување на американските стратешки калкулации и “успехот” во Украина.
Покрај тоа, тие се спремни да направат се што можат да го спречат руското влијание на Балканот преку плановите за гасоводи, стравувајќи дека таквиот развој би можел да поттикне “мултиполарен пуч” во стратешки ранливото подрачје за ЕУ. Геополитиката диктира дека Македонија е тесното грло за било каква интеграција на северот и југот преку Балканот и оттука доаѓа судирот меѓу САД и Русија за нејзината стабилност и стратешки пат. Иднината на Балканот оди преку Македонија и нејзината расположливост за униполарниот или мултиполарниот свет што ќе има оддек низ целиот континент и ќе влијае на природата на американско-европските и европско-руските односи.
Посредничка војна во Македонија
Униполарниот и мултиполарниот свет уште еднаш се судруваат во Евроазија, овој пат во малата балканска држава Македонија. Се развива исклучително важна посредничка војна меѓу САД и Русија поради оваа геостратешка држава, а следат потполно исти примери на претходните конфликти во Сирија и Украина. Како и кај овие претходници, САД уште еднаш сакаат да стекнат контрола над клучната енергетска рута и да спречи да стане платформа за мултиполарност, а поради тоа прибегнува кон обоена револуција и неконвенционална војна за да ја постигне оваа цел.
Русија од друга страна е повторно во дефанзива, уште еднаш индиректно го поддржува нападнатиот партнер за да го преживее униполарниот масакр. Познавајќи ги енормните долгорочни стратешки улоги кои се во игра (ослободувањето на Европа низ мултиполарност или нејзиното задржување во прангите на униполарноста) третата рунда на американско-руската конфронтација може да биде најжестоката до сега.САД и Русија во изминатиов период се вплеткани во жесток натпревар во средина на новата студена војна, а нивното последно ривалство е на прагот да