– Јасно е дека НАТО и ЕУ немаат иднина во Србија затоа што една половина Срби ќе бидат келнери во германските ресторани, а другата половина ќе гине по Африка и по Азија за интересите на САД и на западни земји, кои ѝ се туѓи на Србија.Оваа изјава на директорот на рускиот Институт за стратегиски студии Михаил Решетњиков ги откри огромните разлики што постојат во Москва и во Белград за иднината на Србија.
Од Москва провладините медиуми порачуваат дека Белград не може јавно да соработува со Русија, а тајно со НАТО.
Антисрпската кампања ја достигна својата кулминација за време на посетата на рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу и на директорот на „Гаспром“ Алексеј Милер при што на отворен начин Москва испрати уцени до Белград.
По посетата на сите им е јасно дека прозападниот дел од српската влада не е доволно моќен да се спротивстави на руското влијание во Србија, кое нема да дозволи влез во НАТО и ЕУ , пренесува во својата анализа весникот „Е- новине“.
РепубликаОваа изјава на директорот на рускиот Институт за стратегиски студии Михаил Решетњиков ги откри огромните разлики што постојат во Москва и во