Русија: НАТО ја турка Украина во насилно решавање на конфликтот

Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, ги отфрли обвинувањата за руско воено мешање во Украина како дел од информативната војна.„Големо внимание привлекува деструктивната улога на НАТО во текот на целата внатрешна криза во Украина. Меѓу останатото, Алијансата почна со зајакнување на воениот потенцијал на Украина, кој, како што е познато, се користи и против цивили. Раководството на НАТО ги поддржува намерите на државите членки во голем обем да ја снабдат Украина со специјални средства, воена опрема, која украинските власти би можеле да ја употребат за внатрешна репресија. На тој начин Киев се поттикнува кон насилно решавање на конфликтот“ – рекол Лавров.
Лавров смета дека денес Украина се наоѓа пред избор или да тргне по патот на „мирот и конструктивниот дијалог“ или „да западне во авторитарност и национал–радикална диктатура“.
„Одлуката е на Киев во украинското општество“, порачува рускиот министер, додавајќи дека се појавила реална шанса за прекин на братоубиствената војна, за што паралелно со одржувањето на прекинот на огнот потребно е што побрзо да се покрене отворен дијалог со учество на сите региони и политички сили.
 „Големо внимание привлекува деструктивната улога на НАТО во текот на целата внатрешна криза во Украина. Меѓу останатото, Алијансата поч

Пронајдете не на следниве мрежи: