Русија негира дека испратила војска во источна Украина

Москва нема исратено војска за поддршка на проруските сепаратисти во источна Украина, изјави портпаролот на руското Министерство за надворешни работи, Александар Лукашевич.- Официјално изјавувам. Нема никакво воено присуство на наши војници на територијата на југоисточна Украина. Нема никакво воено придвижување преку граница – посочи Лукашевич. Тој го обвини Киев дека не ги исполнува обврските утврдени со Договорот за прекин на огнот од Минск.
Лукашевич предупреди дека обновувањето на воените дејствија во Украина би биле катастрофа и оти Договорот од Минск и понатаму е основа за надминување на конфликтот.
Тој апелираше до Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) во Украина да биде непристрасна.Лукашевич истакна и дека Москва смета на активна соработка од страна на Киев за утрешното доставување на хуманитарна помош во југоисточна Укрина. Тој потврди дека утре на контролните пунктови „Матвеев Куриган“ и „Донецк“ ќе поминат 82 камиони со 625 тони руска хуманитарна помош.- Официјално изјавувам. Нема никакво воено присуство на наши војници на територијата на југоисточна Украина. Нема никакво воено придвижување п

Пронајдете не на следниве мрежи: