Русија со злато го напаѓа доларот!

Интензивирањето на акциите на Русија и Кина на пазарот на злато ја зголемува довербата во овој метал и ја поткопува доминацијата на доларот. Во позадината на порастот се крие слабеење на финансискиот систем на западните држави и овие акции можат да ги лишат САД од бенифициите, пишува „Велт“.Златото носи сигурност во нестабилна економска ситуација. Овој метал е ценет низ светот, а неговото количество не може да се зголеми преку вештачки пат. Монетарното злато може да ги заштити своите сопственици од лабилност на курсот на светскиот пазар и да стане добра заштита од криза.
Поради санкциите и падот на цената на нафтата, Русија едноставно мора да се ослободи од доларската зависност и претседателот Владимир Путин веќе ги направи потребните чекори. ОД 2005 година, залихите на злато на Русија пораснаа приближно четири пати, само во последните 12 месеци за 200 и повеќе тони.
Само Кина поактивно купува злато од Русија. Минатата година, нејзините резерви пораснаа за 62 отсто и достигнаа скоро 1.600 тони. На овој начин, златото станува финансиско оружје кое земјите го користат за да се разниша доминацијата на западните валути и да се поткопа моќта на Америка и Европа.
Порастот на руската активност на пазарот на злато ја зголеми цената на овој метал на највисоко ниво во 2012 година. Бидејќи долговите на западните земји постојано растат и финансискиот систем во кој САД доминираат станува сѐ понестабилен, многу држави бараат безбедност во нешто посигурно од доларот.
Пополнувањето на златните резерви за Русија и Кина добива стратешко значење, бидејќи независноста од американската валута ќе му донесе нови предизвици на Вашингтон и ќе влијае врз распоредот на силите во светската економија, заклучил авторот на текстот.Златото носи сигурност во нестабилна економска ситуација. Овој метал е ценет низ светот, а неговото количество не може да се зголеми преку вештачки

Пронајдете не на следниве мрежи: