РУСИТЕ ГО КРИЈАТ ОДГОВОРОТ на мистеријата која е стара 70 години: Што се случи со „шведскиот Шиндлер“?

Веќе 70 години трае мистеријата околу исчезнувањето на шведскиот дипломат Раул Валенберг, кој спасил десетици илјади Евреи од холокаустот, а неговото семејство е сигурно дека Русија ги крие одговорите.Младиот дипломат исчезнал на 17 јануари 1945 година, откако бил повикан да оди во седиштето на советските сили во Будимпешта.
Историчарите, експертите и роднините, долго време ги испитувале околностите на неговото исчезнување, како и тврдењата на Советите дека починал две години подоцна во затвор, под седиштето на тајната служба во Москва.
Но, 93-годишната сестра на Валенберг, Нина Лагергрен, не верува во вистинитоста на оваа приказна.
„Можно е дека ќе ја откриеме вистината“, изјавила таа за АФП и својот постар брат го опишала како духовита и топла личност.
Валенберг во 1944 година бил пратен како специјален претставник во Будимпешта, која тогаш беше под контрола на нацистите и од почетокот на 1945 година, им издал шведски документи на илјадници Евреи, овозможувајќи им да избегаат од Унгарија и така да се спасат од сигурна смрт.
Неколку месеци пред крајот на војната, советските сили влегле во Будимпешта и го повикале Швеѓанецот во нивното седиште од кое никогаш повеќе не излегол.
Лагергрен, како и некои други експерти кои се занимаваат со неговиот случај, се убедени дека вистината за судбината на нејзиниот брат е сокриена во руските архиви.

„Срамота е што Русија и понатаму си игра мачка и глушец со нас“, вели авторката Ингрид Карлберг, која напиша поопширна биографија за Валенберг. „Русија мора да ги отвори своите архиви. Поминаа 70 години од неговото исчезнување, неговата сестра е сѐ уште жива и чека одговор“, изјавила таа за АФП.
Карлберг вели дека советските власти во 1957 година издале документ, во кој наведуваат дека затвореник со име Валенберг, починал во 1947 година.
Група истражувачи неодамна дошле до нови информации кои го поврзуваат Валенберг со германски бизнисмен кого го штителе нацистите, што наведува на помислата дека приказната не е откриена до крај.
Ханс Олсон, кој бил задолжен за случајот во шведското министерство за надворешни работи, вели дека владата и понатаму го смета досието на Валенберг за отворено.
„Сметаме дека не се знае целата приказна. Кога ќе се појави нов елемент, ние ќе му го покажеме на Русите“, рече тој.
Во својот стан во предградието на Стокхолм, Лагергрен посветила цела просторија со документи кои ги собрала за нејзиниот брат.
„Ние (таа и нејзиниот постар брат Гај фон Дардел), секогаш му се восхитувавме. Многу ни значеше, бидејќи беше исклучително добра и топла личност“.
Лагергрен е последната од семејството која го видела Валенберг жив, кога живеела во Берлин, во 1944 година.
„Се брзаше да отиде во Будимпешта. Тој ја разбираше тежината на мисијата која што му беше доделена“, рече таа.
Американската агенција „Одбор за воени бегалци“, го прати Валенберг во Будимпешта, со цел да ги спаси цивилите од канџите на нацистите, така што ќе им се издадат документи на неутрални земји како што се Швајцарија, Шведска или Турција.
Тој организирал спасувачка мисија во Будимпешта, која според некои проценки, спасила околу 100.000 луѓе од прогонство.
Благодарение на напорите, тој во 1981 година станал втор странец кој бил прогласен за почесен граѓанин на САД, веднаш по Винстон Черчил.
Посветеноста на Валенберг го направи „симбол на граѓанска храброст“.
„За разлика од генерацијата на мојата баба и генерацијата по неа, кои многу пропатиле, мојата генерација може да го користи Раул како нешто позитивно“, рече Сесилија Алберг, кој е внука на Лагергрен и додаде: „Може да послужи како пример и инспирација.“
Младиот дипломат исчезнал на 17 јануари 1945 година, откако бил повикан да оди во седиштето на советските сили во Будимпешта.
Историчарите,

Пронајдете не на следниве мрежи: