Телепортацијата не е фикција, докажале научниците на Московскиот физичко-технички институт (МФТИ). Во иднина ќе може да се патува на голема оддалеченост без употреба на физичка сила, како и истовремно да се наоѓаме на две места, на пример во Пекинг и Москва или во Сибир и на островите на Нов Зеланд.Не се исклучува можноста за телепортациско освојување на вселенското пространство. Сѐ е во физичкиот ефект, т.н. „квантна вмешаност“. Тоа е способноста на квантните објекти да се наоѓаат на оддалеченост еден од друг, а притоа да останат неразделни.
Бидејќи во класичната физика не постои таков ефект, рускиот физичар Сергеј Филипов го објаснува на следниот начин:
„Кога конците во клопчето се вплеткуваат, нас тоа нѐ обесхрабрува. А физичарите кога си имаат работа со замрсена ситуација се многу среќни, бидејќи во таквите ситуации постои корелација – она што се случува на едниот крај од клопчето, поврзано е со она што се случува на другиот крај. Овие корелации можат да се проследат некаде. Луѓето кои на таков нечин ќе бидат распоредени на одредени дистанци, исто така ќе бидат во некоја корелација. Нивното однесување нема да биде неззависно едно од друго“.
Истражувањата на физичарите на почетокот биле поврзани со проучувањето на преносот на сигналот преку оптичка мрежа. Според нив, тоа е т.н. „тајна квантна комуникација“. Во МФТИ го пронајдоа алгоритамот кој овозможува да се врши телепортацијата. Тие објаснуваат дека со пронајдениот ефект ќе можат да преместуваат предмети и луѓе:
„Да речеме дека сакате да телепортирате еден човек. За да го направите тоа, вие не ги проследувате сите негови атоми. Вие велите, јас имам 20 кг. кислород, 10 кг. јаглерод, одредено количество водород и го земате истото количество на другиот крај. Така, вие ги проследувате информациите за нивните соединенија и состав, кои се запишани во атомите. И на другиот крај од конецот од вашата материја ја правите истата личност“.
Научниците засега научиле да телепортираат само фотони и се очекува да почнат да го применуваат овој принцип и на посложени системи. Со тоа драстично се зголемува и сложеноста на телепортацијата.
„Да се телепортираат два атома, е дупло потешко. А три – осумпати потешко. За да го процениме степенот на сложеноста на човечката телепортација, би морале да го земеме во предвид фактот дека човекот содржи десет на 24 атоми“.Не се исклучува можноста за телепортациско освојување на вселенското пространство. Сѐ е во физичкиот ефект, т.н. „квантна вмешаност“. Т