Руски полицаец убил 22 жени: Најпрвин ги силувал а потоа…

Пензионираниот руски полицаец Михаил Попков, денес бил осуден на доживотна казна затвор поради силување и убиство на 22 жени, кои ги лишел од живот бидејќи сакал, како што кажал, да го исчисти својот роден град Ангарск од проститутки.Попков, кој во времето на убиствата работел како полицаец, на жените им нудел да ги пренесе со полицискиот автомобил, а потоа ги силувал и ги бодел до смрт со нож, соопштило обвинителството.
“Инспекторите успеале да соберат докази кои укажуваат дека Попков извршил 22 убиства и два обиди за убиство на жени”, наведено е во соопштението од рускиот Истражен комитет.
Телата на убиените жени биле пронајдени во шуми, покрај патишта и на гробишта. Меѓу жртвите имало една наставничка и продавачка, како и неколку проститутки, наведуваат руските медиуми, додавајќи дека две жени ги преживеале нападите, но претрпеле тешки повреди.
Попков се опишал себе како “чистач”, кој го чисти градот од проститутки, објавува Siberian Times. Убиствата се случиле во период од 6 години, помеѓу 1994-тата и 2000-тата година, предизвикувајќи голем страв кај граѓаните на Ангарск, град во Сибир.
Меѓу неговите жртви биле и пријателките на 19 односно 20 годишна возраст, Јулија Куприкова и Татјана Мартинова. Siberian Times пишува дека тие на 29-ти октомври 1998-та година излегле на пијалак и влегле во автомобилот на убиецот бидејќи носел полициска униформа. Следниот ден нивните тела биле пронајдени покрај патот, брутално осакатени и силувани.
Истражителите и претходно претпоставувале дека убиецот е полицаец, бидејќи успевал да ги прикрие сите траги од злосторствата. Попков бил уапсен дури во 2012-тата година, откако инспекторите извршиле ДНК тестови, фокусирајќи се на оние кои возеле автомобили од одредена марка, а чии траги од гуми биле пронајдени на местата на злосторствата.Попков, кој во времето на убиствата работел како полицаец, на жените им нудел да ги пренесе со полицискиот автомобил, а потоа ги силувал и ги бодел

Пронајдете не на следниве мрежи: