Русокосо девојче пронајдено во ромска населба

Девојчето било пронајдено во ромска наслеба кај Лариса во централниот дел на Грција.Полицијата случајно го забележала девојчето откако ја посетила наслебата трагајќи по осомничени криминалци. Веднаш откако го забележале решиле дополнително да го истражат случајот.
Побарале од од нејзините наводни родители документација за неа, но нивниот сомнеж се зголемил дополнително откако утврдиле дека од документите произлегува дека жената за десет месеци родила шест деца, кои биле регистирани во матичните евиденции во различни градови во Грција.
 
Направена била и ДНК анализа која покажала дека мажот и жената во чија куќа живеело девојчето не се во никакво сродство со неа.

 
Девојчето, кое се вика Марија, има четири години, нагласено руса коса и сини очи.
Медиумите наведуваат дека малата Марија била принудувана да питачи низ улиците на Лариса.
Мајката и таткото постојано ги менувале изјавите за тоа од каде им е Марија.
Грчката полиција побара меѓунарoдна помош во откривањето на идентитетот на девојчето. 
Додека, Би-Би-Си јави дека девојчето е префрлено во хуманитарен центар од каде е покрената потрагата по родителите на Марија. Социјалните служби стравуваат дека девојчето можеби е жртва на киднапирање или трговија со луѓе.Полицијата случајно го забележала девојчето откако ја посетила наслебата трагајќи по осомничени криминалци. Веднаш отк

Пронајдете не на следниве мрежи: