Русокосото девојче е Бугарка – мајка и не можела да ја чува па ја дала на ромското семејство?!

Откако грчката полиција го пронајде русокосото девојче во ромско семејство излезе верзија дека мајката на Марија е Бугарка и дека детето го дала на ромското семејство бидејќи не можела да ја чува?! Но, едно грчко семејство тврди Марија е нивно дете и бараат ДНК анализа. Истрагата за идентитетот на ова слатко девојче продолжува.Една роднина на уапсената ромска двојка кај која е најдено детето во грчката програма „Светло во тунелот“ изјавила дека детето ним им било предадено во 2009 веднаш по раѓањето од страна на нејзината мајка Бугарка која не можела да ја чува. Наводно мајката на Марија живее во селото Софадес во северна Грција.
Грчка брачна двојка пак, инсистира на проверка дали Марија е нивна. Всушност, лекарите по раѓањето на нивното дете во Солун им рекле дека починало, но кога побарале доказ, виделе дека ковчегот е празен – пишува greekreporter.com.
Засега девојчето е згрижено од експертите на грчката невладина организација „Насмевка на децата“. Различните верзии кои се појавуваат за нејзиниот идентитет се предмет на истрага на полицијата која по пронаоѓањето на Марија упати интернационален апел да се открие чие е девојчето. Се појавија стравувања дека е дел од поголем европски ланез на трговија со деца но се појави и надеж кај многу семејства чии деца исчезнале, дека се уште се живи!

Ромската двојка кај која е најдена Марија чувале 13 деца, за неколку од нив тие поседувале фалсификувани документи. Според документите најдени кај нив, излегува дека 40 годишната жена во период од 5 месеци од јуни до ноември 1993 родила 3 деца, а од октомври 1994 до февруари 1995 родила уште три.
Потрагата по идентитетот на Марија продолжува. Полицијата апелира секој што знае нешто да се јави на броевите  +1 2410-683171 и +1 2410-683184 / 5 или да контактира со hamogelo.gr.Една роднина на уапсената ромска двојка кај која е најдено детето во грчката програма „Светло во тунелот“

Пронајдете не на следниве мрежи: