Сачи&Сачи Македонија дел од групацијата Publicis One, освои две Гранд При награди и три злата на Голден Драм во Љубљана

Кампањата Sea Hero Quest е најдобра кампања, а Василиjе Ќорлука од Publicis One е најдобар креативен директор за 2016 годинаКампањата “Sea Hero Quest“ која годинава нанижa награди на сите фестивали низ светот каде што се појави, доминираше и во Љубљана, каде беше прогласена за најдобрата кампања во 2016 година. Василије Ќорлука од Publicis One се закити со престижното признание Golden Watch award како креативен директор на најдобрата кампања во 2015 година.
“Идејата за оваа игра за мобилен телефон,  која ја разви Дојче Телеком се роди токму во нашата агенција. Тоа е доказ дека и една мала агенција од мала земја како Македонија,  може да креира идеи која ќе имаат интернационален успех. Играта досега е превземена повеќе од 2.4 милиони пати, помагајќи ги истражувањата за борба против деменција. Горди сме на овој наш успех, среќни сме и искрено се надеваме дека “Sea Hero Quest“ ќе помогне на многу луѓе во светот кои имаат проблем со оваа болест., изјави Василие Чорлука.
“Кога имате креативен и инспириран тим не постојат никакви лимити, тогаш можете да креирате идеи, концепти кои ги надминуваат локалните граници, и се применливи насекаде. Но истовремено сакам да истакнам дека секој наш успех е пред сѐ резултат на довербата која што нашите клиенти ни ја даваат. Му благодариме на Македонски Телеком што ни овозможи да бидеме дел од овој успех. Sea Hero Quest е спој на креативнота и општествената одговорност, потврда на исклучителната работа и посветеност на вработените во Publicis One ” изјави Александра Дилевска Симова, извршен директор на Publicis One.
Агенцијата Publicis Романија/ Publicis One доби признание Golden Rose Award за најуспешна агенција во изминатата година, додека агенцијата McCann Worldgroup за најуспешна агенција на фестивалот.
Истовремено во Off Drum натпреварот Ljubljana Poster Award  младите креативци од Publicis One освоија второ и трето место. Дијана Димитриевска, Деница Бојаровска и Нино Илиевски второ место за постерот “BeTheBeat_mockup”, додека Дијана Димитриевска трето место за постерот под наслов “Ние сме еден”
***
Golden Drum е реномиран интернационален адвертајзинг фетивал кој своето прво издание го имаше во 2004 година. Одтогаш па се до денес успеа да се издигне во најголем и најважен фестивал во регионот кој на едно место ги обединува креативноста на маркетинг агенциите и различните култури од повеќе земји од Нова Европа (Австрија, Азербејџан, Ерменија, Белорусија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Кипар, Република Чешка, Египет, Естонија, Финска, Грузија, Грција, Унгарија, Израел, Казахстан, Косово, Киргистан, Латвија, Либан, Литванија, Малта , Македонија, Молдавија, Црна Гора, Полска, Романија, Русија, Србија, Словачка, Словенија, Турција, Таџикистан, Туркменистан, Украина и Узбекистан).Кампањата “Sea Hero Quest“ која годинава нанижa награди на сите фестивали низ светот каде што се појави, доминираше и во Љубљана, каде

Пронајдете не на следниве мрежи: