САД ја одбија Русија: „Двете земји имаат различни цели во Сирија“

Пентагон веднаш го одби предлогот на Русија заедно да ги изведуваат воздушните напади на позициите на терористичките групи во Сирија, истакнувајќи дека САД воено не соработува со Русија во таа земја.„Ние не соработуваме со Русија во воените операции во Сирија“, изјави портпаролот на американското министерство за одбрана, Џеф Дејвис и додаде дека САД и Русија имаат различни цели во Сирија.
Портпаролот на американското министерство за одбрана потенцираше дека руските воени операции во Сирија се наменети за да го поддржат режимот на сирискиот претседател Башар Ал Асад, додека пак од друга страна, Соединетите Американски Држави се исклучиво фокусирани на нанесување на пораз на Исламската држава.
Рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу изјави во текот на вчерашниот ден дека Русите им предложиле на колегите од САД и воената меѓународна Анти-ИСИС коалиција која што ја предводат, од 25-ти мај заедно да започнат со изведување на воздушни напади на позициите на Ал Нусра Фронтот и останатите терористички групи кои што не го почитуваат примирјето во Сирија.
„Им предлагаме на Соединетите Американски Држави и коалицијата која што ја предводат, од 25-ти мај заедно да ги спроведуваат воздушните напади на позициите на џихадистите во Сирија заедно со руското воено воздухопловство“, изјави рускиот министер за одбрана во текот на вчерашниот ден и независно од одговорот, јасно даде до знаење:
„Русија го задржува првото еднострано да извршува удари на бунтовниците кои што во Сирија нема да го почитуваат примирјето“, изјави Сергеј Шојгу.
Русија ја започна воената кампања во Сирија на 30-ти септември, а меѓународната Анти-ИСИС коалиција предводена од САД е во војна со Исламската држава од август 2014-та година.„Ние не соработуваме со Русија во воените операции во Сирија“, изјави портпаролот на американското министерство за одбрана, Џеф Дејвис

Пронајдете не на следниве мрежи: