САД ја зголемија казната за шпионажа на пет милиони долари

Лицата осудени во САД за шпионирање во полза на странски државјани и организации ќе плаќаат парична казна до пет милиони долари, откако соодветниот закон во понеделникот го потпиша претседателот Барак Обама, соопшти Белата куќа.
Во документот, исто така, се предвидуваат казни и за организации кои се вклучени во шпионажа. По потврдата на таквите обвиненија од страна на судот, тие компании или организации ќе мора да плати парична казна од повеќе од 10 милиони американски долари. Претходно, износот на ваквите казни за поединци изнесуваше 500 илјади долари, додека за компании и организации беа ограничени до 10 милиони долари. Овој закон што во понеделникот го потпиша претседателот Барак Обама, беше усвоен од Конгресот на САД кон крајот на декември 2012 година.
 
МакфаксЛицата осудени во САД за шпионирање во полза на странски држа

Пронајдете не на следниве мрежи: