САД: Медиумите го заташкуваат скандалот со приватниот сервер на Хилари Клинтон

Иако извештајот на Стејт Департментот ја призна нелегалната употреба на приватниот сервер од страна на кандидатката за претседател на Демократската партија, Хилари Клинтон, тој сепак не звучи доволно загрижувачки. Сепак, реалноста е поинаква и медиумите повторно ги заташкуваат криминалите.Според истрагата на ФБИ, кога Клинтон беше на функција државен секретар, ги прекршила правилата за чување на податоците користејќи ја својата приватна адреса за електронска пошта за службени потреби.
Службените лица имаат обврска да ги користат владините адреси за електронска пошта, а користењето на приватни е-мејл адреси укажува на криминал. Серверот бил поставен неколку држави подалеку од обезбедувањето и ИТ тимот, и покрај правилата што се направени со цел да државните тајни да бидат безбедни.
Иако Хилари Клинтон се обиде да игра на картата дека е наивна грешка и дека мислела дека тоа е дозволено, докажано е дека таа платила за ИТ поддршка и администрирање на серверот на човек што го вработила во владата.
Ако вакво нешто направеше кандидат од Републиканската партија, несомнено е дека медиумите во САД ќе обрнеа многу поголемо внимание.
Наместо тоа, новинарката Андреа Мичел од NBC, која се претставуваше како професионален и неутрален новинар, ги изнесе своите продемократски ставови, прво бранејќи го Бил Клинтон од обвиненијата за силување во 1978 год. со изговорот дека е недокажано, а потоа бранејќи ја и Хилари со изговорот што и самата Хилари се обиде да го презентира, а тоа е дека и републиканскиот службеник на Буш, Колин Повел го правел истото.
Ова е уште еден во низата скандали поврзани со Хилари Клинтон и демократите, откако на митингот на демократите настана хаос заради местењето на изборите, откако излегоа информациите дека Хилари лажела на суд во улога на адвокат, и по најстрашниот скандал на Клинтоновото примање огромни суми на пари од шеиците на блискоисточните држави.
Клинтон се уште не е повикана на распит иако ФБИ најави истрага.Според истрагата на ФБИ, кога Клинтон беше на функција државен секретар, ги прекршила правилата за чување на податоците користејќи ја својата прива

Пронајдете не на следниве мрежи: