САД создава „ново Косово“ во Украина за да ѝ прави проблеми на Русија!

Порталот „Eurasia Daily“ го објави предупредувањето на политичкиот аналитичар Сергеј Соколов за најновото дејствување на американската администрација во Украина.Како што предупредува овој украински аналитичар, САД создава ново „Косово“ на територијата на Украина.
Станува збор за Херсонската област која, според неговите тврдења, ќе им биде дадена во рацете на Татарите, а под патронат на САД. Интересно е тоа што овој потег на американските власти овој аналитичар ги споредува со Косово, односно што признава дека создавањето на таквите неоколонијални мали територии се „косовски модел“.
Имено, на чело на Херсонската област доаѓа Ленур Исламов кој е лидер на операцијата за блокирање на Крим, а тоа е официјално потврдено од страна на самата администрација на Херсонската област. Исламов е еден од лидерите на кримските Татари, а тие веќе имаат изразено желба за автономна област во Украина.
Владата на Јањецук неодамна донесе одлука да се воспостават нови управи и нови механизми за одбрана во кризните украински области кои се граничат со самопрогласените републики ДНР и ЛНР, но меѓу тие области е ставена и Херсонската област која не се граничи со просторот зафатен од војната.
Херсонската обалст се граничи со Крим, а од Крим не доаѓа било каква закана за нејзиниот интегритет, наведува Соколов и вели дека тука е клучот на американските интереси. Америка сака да има „точка на вриење“ заради полесни провокации на Русија, односно креирање конфликти со Крим.
Соколов вели дека САД ќе ја реализира целата работа во три чекори, детално објаснувајќи го можното сценарио.
Прв чекор е инсталирање на свој човек на власт, во овој случај Исламов, а потоа постепено откажување од украинските закони, втор чекор е наметнување на политички идеи со сила и трет финален чекор е поттикнување на меѓуетнички конфликт.
Земајќи ги во предвид овие елементи, вклучувајќи ја и блокадата на Крим и теророт, најблиската аналогија е Косово, односно во Херсонската област се создава ново Косово, пишува Соколов.Како што предупредува овој украински аналитичар, САД создава ново „Косово“ на територијата на Украина.
Станува збор за Херсонск

Пронајдете не на следниве мрежи: