Во сите осум основни училишта и во двете детски градинки на територијата на Општина Аеродром денеска, 18.4.2016 година, успешно се реализираше акцијата „Садница плус“ во соработка со здружението „Ден на дрвото“ и Министерството за животна средина.Учениците од основните училишта и децата од градинките насадија семиња од ела, кои ќе ги одгледуваат и ќе го следат нивното никнување и растење, со што ќе се придонесе да се развие одговорноста и еко-свеста кај децата.
Овие активности имаат едукативен карактер со цел децата преку сопствено искуство да покажат интерес за грижа за садење семиња, негување на садниците и дрвцата, зачувување на шумите, како и да се поттикне и постигне кај децата индивидуална одговорност, да се зајакне довербата, заедништвото и да се развие трпеливоста.Учениците од основните училишта и децата од градинките насадија семиња од ела, кои ќе ги одгледуваат и ќе го следат нивното никнување и растење, со