САЕМ НА ГРАДЕЖНИШТВО -Најголема понуда и поволности за купување стан или куќа

Од 1-ти до 5-ти март 2016 на Скопски саем ќе се одржи САЕМОТ НА ГРАДЕЖНИШТВО – тринаесети по ред меѓународен бизнис настан за градежништво, градежни материјали и градежна механизација. Овој меѓународен сaeм подразбира сестрана промоција на оваа стопанска гранка на производителите и трговците од Македонија и од странство. На него ќе се нудат и продаваат производи и услуги за работа, одржување, модернизирање, реновирање и опремување објекти и имоти и ќе привлече експерти од областа на градежната индустрија кои ќе дискутираат и склучуваат зделки во кои ќе ги вклучуваат и новите трендови во градежништвото. Бројот на изложувачи и оваа година ја достигна бројката од 100 директни компании, респоредени во три саемски хали. Целта на овогодинешниот Саем на градежништво е да го задржи овој динамичен раст, а за изложувачите и посетителите да претставува најдобра платформа од интерес во овој сектор.
Во рамките на Саемот на градежништво 2016, во Метрополис Арена по шести пат ќе се одржи и Саемот за недвижности и инвестиции RealExpo.
Партнер на саемската манифестација е Министерството за финансии со проектите „Купи куќа за млади“ и „Купи куќа, купи стан“ кој има за цел да им помогне на граѓаните полесно да дојдат до сопствен дом и се вклопува во концептот на Саемот за градежништво и RealExpo. Посебно, оваа година граѓаните ќе можат да дојдат до информации за проектот „Купи куќа за млади“, како нов проект, каде што освен Министертвото за финансии општините кои ќе понудат земјиште за изградба на куќа за млади, кои ќе бидат присутни но овој саем.
Посетителите ќе можат да ја разгледаат огромната понуда на станови и да го одберат најповолното за себе. На RealExpo ќе учествуваат голем број градежни компании, кои ќе понудат станови со попусти и до неколку илјади евра, а кои ќе важат само за саемските денови. 
Оваа година со ваква понуда ќе се претстават Адора, Бортас, Дабар, Елена Лука Хоумс, Голден Арт, Козма б, ЗСФ, Колбико, Настел,  Капитол Инжинеринг, Хантерс, Импексел 2, Фабрика „Карпош“, Диас Констракшн, Трим и Лум. Како надополнување, достапни ќе бидат и понудите на атрактивни кредити за купување на недвижнини преку комерцијалните банки.
На Саемот на градежништво 2016 повторно со своја понуда на кровови, гипсени производи, малтери и фасадни производи, лепила, изолациски материјали, битуменски производи, камен и песок, ѕидни бои, ќе се претстават долгогодишните учесници како Тондах, Адинг, Интелком,  Бим, Младост, Мелмакс како претставник на компаниите Ursa, Schidel, Tim Izolirka, Zorka и др.
Исто така, ќе се претстават и компаниите Ритам трејд,   Дака лифтови, Рофикс, Грако (Фрст инг),  Хипокс.
Своја понуда ќе имаат и Леокар, Октопуси, Солопром, Бентен Пан, Дујор пром, Бранимир Компани, ХФС лифтинг и реномирани компании од Италија,  Србија и Турција.
Од компаниите со програмата – градежна столарија ќе земат учество и Veka, Rehau, Salamander, Профилко, БМГ итн.
Со програмата – врати ќе бидат претставени компаниите Медина, Стил Порте, со програмата – санитарии – Шар Проект, Виварта, Аквалукс, Аквасвисџет и др. Железни конструкции ќе претстават компаниите Каравас и Тоблер.
Учеството на повеќе од 300 претставени компании како и на инвеститорите во рамките на RealExpo – Саемот на недвижнини ќе им овозможи на посетителите, кои се очекуваат во број од 15.000 посетители, ислучителна можност за планирање на своите градежни активности.
 Работното време е од 10 до 19 часот. Овој меѓународен сaeм подразбира сестрана промоција на оваа стопанска гранка на производителите и трговците&nbsp

Пронајдете не на следниве мрежи: