Саем за кариера во Дом на млади

Саем за кариера во Дом на млади (11:00)Вo среда, на 27 април, 2016 година во 11:00 часот во Дом на млади, Локалниот Економско Социјален совет (ЛЕСС) на Општина Штип, Општина Штип, Дом на млади и Проектот за стекнување на работни вештини за вработување кај младите (Мрежа ЈЕС) поддржано од УСАИД, организираат Саем за кариера, под наслов „ Биди мотивиран –успеј во сонот“. Целта на настанот е да се поканат на едно место сите релевантни чинители, претставници на бизнис секторот, социјалните партнери, училиштата, факултетите, Центарот за вработување, Централен регистар, ученици во завршната година од средно образование и млади невработени, кои се главните креатори на локалните политики за вработување.
На Саемот младите ќе имаат можност да ги зајакнат врскитенмеѓу себе, да разменат информации, да ја збогатат својата мрежа на професионални контакти и на лице место да постават прашања на присутните претставници од компаниите за кои се заинтересирани да добијат релевантен одговор од прва рака се со цел да добијат слика за начинот на пристап при аплицирање за вработување.
Од друга страна претставниците на приватниот сектор ќе имаат можност да ги претстават своите услуги и производи, да направат кратка презентација за она што го покриваат и со што се занимаваат, каков вид на занимања и профили планираат за во иднина.
Настанот содржи неколку целини: воведни излагања и официјално отворање, изложбен дел (штандови на средни стручни училишта и локални компании), работен панел поврзан со вработувањето на младите и забавен (музички) дел.
11:00 – 11:30 – Воведни излагања (модератор Вишна Шорова-Ангелова)
– Ѓорѓи Кушевски, Директор на УСАИД ЈЕС Мрежа
– Борче Коцев, претставник од Локалниот Економско-Социјален Совет (ЛЕСС) на Општина Штип
– прим. м-р Илчо Захариев, Градоначалник на Општина Штип
11:30 – 11:40 – Обиколка на изложбените штандови
11:40 – 12:15 – Коктел
12:15 – 15:20 – Работен панел
-Лазар Димчов, Центар за вработување
-Олга Митова, Централен регистар на РМ
-Претставник од СОУ „Димитар Мирасчиев“
-Петар Трајанов, МК ЛИНЕА
-Претставник од СОУ „Јане Сандански“
-Валентина Крмова,
Фризерско-козметичко студио „Контеса“
-Претставник од СОУ „Коле Нехтенин“ – Штип
-Адријана Постолова, „Агро Фила“
-Тамара Јованов Марјанова, „Марвел“
-Марија Манева „Windmill shop“
15:30 – 16:30 – Забавен дел
-Настап на музичка група С.Ј.О.Вo среда, на 27 април, 2016 година во 11:00 часот во Дом на млади, Локалниот Економско Социјален совет (ЛЕСС) на Општина Штип, Општина Шт

Пронајдете не на следниве мрежи: