Под покровителство и организација на општина Карпош и ШК „Гамбит Ассеко СЕЕ“, денеска, во хотелот „Гранит“ започна традиционалниот „Божиќен шаховски викенд турнир“– Карпош 2016. Овој јубилеен турнир се одржува по петти пат, во чии рамки учествуваат натпреварувачи од Полска, Македонија, Србија, Косово и Бугарија. Оваа година бројот на учесници се искачи на 120 шахисти, меѓу кои пет Велемајстори и девет Интернационални мајстори.
Денешната спортска манифестација, со поздравен говор ја отвори градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, кој изрази задоволство од големиот интерес на љубителите на шахот, особено на помладата популација.
– Започнавме скромно, пред неколку години во Општинската сала, за денес, ова натпреварување да прерасне во еден ваков сериозен турнир. Воедно ова е предизвик за сите љубители на древната игра, како од земјава, така и од соседството, да дојдат и да ги потврдат своите квалитети. Ви пожелувам успех на шаховските табли и посакувам да се видиме повторно на „Опен Карпош“ во март, годинава – истакна Јакимовски.
Турнирот се игра во девет кола, по Швајцарски систем според правилата на ФИДЕ за забрзан шах. Темпото на игра е 15 минути по играч, со пет секунди додавање за секој одигран потег.– Карпош 2016. Овој јубилеен турнир се одржува по петти пат, во чии рамки учествуваат натпреварувачи од Полска, Македонија, Србија, Косо