Во Шпанија 26-годишна девојка била уапсена поради сомнеж за обид за убиство откако полицијата успеала да го спаси нејзиното новородено дете од шахта, пренесува Би-би-си.
Имено, дводневното момче било пронајдено завиткано во пластични кеси во шахта во двор на една зграда. Детето е тешко 2,1 килограми и е во тешка состојба во локалната болница, но за среќа не е во животна опасност.
Момчето било пронајдено откако еден од соседите слушнал звуци од шахтата и мислел дека е мачка што не може да излезе. Тој ги повикал пожарникарите, кои успаеале да го извлечат бебето.
Шпанската полиција вчера соопштила дека ја уапсиле девојката во градот Аликанкте. Таа во петокот отишла во болница тврдејќи дека имала спонтан абортус. Исто така признала дека сакала да го абортира детето, но дека немала доволно пари, јавува Би-би-си.Во Шпанија 26-годишна девојка била уапсена поради сомнеж за обид за убиство откако полицијата успеала да го спаси нејз