Нишката полиција вчера го приведе Дејан Н. (43), поради сомнение дека ја претепал сопругата Наташа Н. (49) во нивниот стан, поради караница за тоа што ќе гледаат на телевизија.Според информациите, жената сакала да гледа „Парови“, а нејзиниот сопруг не се сложил со идејата, пренесе српски „Ало“.
Дејан ќе одговара за насилство, со оглед на тоа дека лакарите констатирале неколку рани од повреди нанесени со тап предмет по телото на Наташа.
„Таа им објасни на лекарите и полицајците дека беше претепана од сопругот. Рече дека седнала на столче кога почнала да се кара со сопругот поради телевизорот, со оглед на тоа дека секој сакаше да ја гледа омилената емисија. Бесен поради ситуацијата, тој го извлекол столчето на коешто седеше Наташа и таа падна на земја. Потоа почна да ја тепа“, изјавил извор од полицијата.
Претепаната жена одбила да оди на понатамошно лекување и била пуштена дома. Таа додала дека ова е прв ваков инцидент во нивниот брак и рекла дека не верува дека ќе се повтори.Според информациите, жената сакала да гледа „Парови“, а нејзиниот сопруг не се сложил со идејата, пренесе српски „Ало“.