Сакала да го крсти детето според отров, а потоа се вмешал и судот

Цијанид е името кое една мајка  во  Велика Британија сакала да ѝ го даде на својата ќерка, бидејќи  тоа е „убаво  име“ и има позитивна конотација бидејќи тоа е отровот со кој  е завршен животот на Хитлер. Но, апелациониот суд побарала името да се промени, бидејќи може да му наштети на детето.Во првата постапка од овој вид, апелациониот суд тврди дека изборот на мајката е необичен и  дека може  да му наштети на детето во иднина.
Мајката братот близна на својата ќерка го нарекла Причер или проповедник.
Како што наведуваат во судот, оваа жена има историја со душевни болести, имала проблеми со дрогата и алкохолот, а често пати била во врска со насилни мажи.
Со близнаците останала бремена откако била силувана, а освен нив таа има уште три деца и  сите три имаат старатели. Овие 8- месечни бебиња  нивните старатели ги нарекуваат бебињата Хари и Ана.
Кога социјалните работници слушнале за имињата кои  мајката им ги дала на близнаците. Случајот го пријавиле во суд. Во јуни минатата година судот изрекол забрана, со која мајката била спречена формално да ги регистрира децата под тие имиња.
Нејзините адвокати се жалеле и инсистираат на тоа  дека е прекршено нејзиното право на почитување на семеен живот.
Но, судот одлучил дека таквото име е неприфатливо.
Судијата рекол дека судот интервенира за да ги спречат родителите само  во најекстремни случаи.
„Ова е еден од ретките случаи во кои судот  треба да интервенира, за да го заштити  девојчето од емоционални повреди, кои  ќе настанат како последица на нејзиното име “, наведуваат од судот.Во првата постапка од овој вид, апелациониот суд тврди дека изборот на мајката е необичен и  дека може  да му наштети на детето во иднина

Пронајдете не на следниве мрежи: