Доколку сакате да бидете неодоливи за понежниот пол, не ви е потребен луксузен парфем. Доволно е да изедете малку лук, покажува неодамнешно истражување.Конзумирањето поголеми дози лук го прави мирисот на машкото тело примамливо за жените, покажала студијата објавена во стручно списание „Appetite“.
Истражувачите на Универзитетот во Прага им дале на една група испитаници сендвич со сирење и 12 грама лук ( околу шест чешниња), а на другата обичен сендвич со сирење.
Испитаниците во текот на следните 12 часа носеле влошки за собирање пот на пазувите се воздржувале од употреба на дезодоранс и цигари.
Резултатите покажале дека оние мажи кои добиле сендвич со лук мирисале попривлечно за жените испитаници, а тоа епотврдено и во повторениот експеримент.
Дамите нивниот мирис го оцениле како „атрактивен“, „пријатен“ и „мажествен“, но и „помалку интензивен“.
Истражувачите велат дека до ваквите резултати можеби дошло поради антиоксидативните својства на оваа намирница, кои инаку го подобруваат мирисот на телото.Конзумирањето поголеми дози лук го прави мирисот на машкото тело примамливо за жените, покажала студијата објавена во стручно списание &bdquo