Сакате да направите вкусни печени тулумби? Ние ви го претставуваме нашиот рецепт за брза и лесна подготовка!Состојки:
600 мл вода
200 мл масло
600 гр брашно
1 прашок за пециво
6 јајца
прстофат сол
Шербет
750 мл вода
1 кг шеќер
1 лимон
2 ванили
Подготовка:
1. Водата, маслото и солта се ставаат во сад на оган да зовријат.
2. Потоа во садот се додава брашното и се меша околу 30 секунди до 1 минута (додека се направи топка или додека се собере тестото околу лажицата).
3. Садот се става настрана да се излади и во оладената смеса се додаваат јајцата едно по едно. Кога ќе додадеме едно јајце, над него ставаме малку пециво и матиме со миксер, се додека не се потрошат јајцата.
4. Во готварски шприц ја ставаме смесата и формираме тулумби, кои ги редиме на плех, кој претходно сме го обложиле со хартија за печење.
5. Печеме околу 15 минути во загреана ререна на 220 степени. Важно е за време на печењето да не се отвора рерната.
6. Водата, шеќерот, ванилите се ставаат во сад на оган. Шербетот го вариме околу 5 минути и оставаме да се излади.
7. Печените тулумби додека се врели се ставаат во млакиот шербет. Потоа се редат во плех. Преостанатиот шербет го додаваме над тулумбите.
Од оваа доза излегуваат три плехови со тулумби.
Пријатен десерт!Состојки:
600 мл вода
200 мл масло
600 гр брашно
1 прашок за пециво
6 јајца
прстоф