И покрај целиот вложен труд, пицата направена од дома не е истата како онаа од пицериите. Но, ние го имаме вистинскиот рецепт и тајната за нејзиниот оригинален вкус…Тајната на оргиналната пица не се крие само во рецептот ни во состојките, а се работи за едноставен трик кој ја имитира функцијата на професионалната печка за пица.
Тајната на пицата која ја нарачувате во пицерија е печката која развива температура од 400 степени што е невозможно да се постигне во домашни услови.
Всушност возможно е, но ќе морате да се послужите со еден трик и така ќе развиете повисока температура.
За целта ќе ви биде потребно парче гранит кој одговара на димензиите на рерната. Каменот се става и се загрева во рерната претходно, а пицата се пече на највисока температура во претходно добри загреана рерна околу 10 до 15 минути.
Ако употребите гранитна плоча и вие ќе правите пици како од пицерија.
Доброто тесто е исто така една од тајните на оргиналната пица.
Ова е рецептот што ние ви го препорачуваме:
Состојки:
– 70% глатко брашно
-30% остро брашно или тип 850 (го има во поголемите маркети)
– На количината шеќер, дупла количина сол
– Млеко
– Свеж или сув квасец
– Вода на собна температура
– Маслиново масло
Направете го тестото и од него направете топка која треба да отстои 1-3 часа.
Тестото се развлекува равномерно.
Ако тестото го покриете со многу намирници, никогаш нема добро да се испече и ќе биде влажно и лигаво, а со тоа се губи и квалитетот на пицата.
На крај, врз топлата пица капнете неколку капни маслиново масло за да го добие карактеристичниот оргинален италијански мирис.
Бон апетит! :)Тајната на оргиналната пица не се крие само во рецептот ни во состојките, а се работи за едноставен трик кој ја имитира функцијата на професионална