Овој оброк ќе ги опие сите ваши сетила. Освен што е многу вкусен и лесно се подготвува!Ребрата се совршен избор доколку подготвувате ручек за повеќе луѓе. Толку се вкусни, што ќе посакате постојано да ги готвите.
Состојки:
½ шолја соја сос
2 лажици оцет од ориз
2 лажици масло од сусам
2 лажици црвен пипер
8 чешниња лук
1 лажица рендан ѓумбир
1 шолја сецкан лук
Ребра по вкус
¼ шолја мед
Сусам за наросување
Зелени делови од млад кромид за декорација
Подготовка:
Измешајте ги сите состојки за маринада, ставете ги ребрата и оставете да отстои 4 часа. Ставете ги ребрата во сад за печење, а маринадата сочувајте ја за подоцна. Ставете ја маринадата во чинија, додадете мед и измешајте да добие сјај.
По 2-3 часа извадете ги ребрата и прелијте ги со измешаната маринада, и вратете да се пече уште 5-10 минути. Исецкајте ги ребрата, наросете сусам и зелени делови од млад кромид за декорација.
Пронајдете не на следниве мрежи: