Оваа салата ќе биде неизоставен дел од вашата трпеза, посебно освежувачка во овие топли денови!Состојки:
500 гр компири
500 гр моркови
250 гр грашок
4-5 јајца
300 гр шунка
350 гр кисели краставички
600 гр мајонез (или 300 гр мајонез и 300 гр кисела павлака)
Начин на подготовка:
Компирот во лушпа сварете го во солена вода. Морковот излупете го, исечете го на крупни парчиња и сварете ги посебно, исто така во солена вода.
Одвоено сварете го и грашокот. Ако користите замрзнат грашок, гответе го не подолго од 5-10 минути, мерено од почетокот на вриење. Напоредно тврдо сварете ги јајцата. Се оставете да се излади. Компирот излупете го.
Компирот оставете го за крај, а останатите состојки исечете ги на коцкички и ставајте во голем сад. Истурете го сиот мајонез и добро промешајте. На крајот додадете го исецканиот компир и лесно промешајте. Посолете по вкус.
Чувајте ја салатата во фрижидер поклопена.
Послужете во чинии украсени по ваша желба.
Повеќе рецепти, кулинарски трикови, совети за здрава храна, здрав начин на живот, диети, напитоци и сл. може да најдете на НАЈАДИСЕ.МК и фан страната на ФејсбукСостојки:
500 гр компири
500 гр моркови
250 гр грашок
4-5 јајца
300 гр шунка
350 г