Салвета: Таткото не сака да го види моето бебе!

„Моето трудничко и породилно отсуство траеше вкупно 2 месеци, самохрана мајка сум и морам да заработувам. Во декември се вратив на работа, бидејќи имам и кредит за стан кој го отплатувам,“ раскажа Лилјана.Лилјана Јакшиќ Салвета на крајот од ноември на свет донесе здраво девојче Дарија, и само еден месец по нејзиното породување морала да се врати назад на работа за да може да врзе крај со крај и да продолжи со отплаќање на кредит за стан, додека таткото на нејзиното дете воопшто не се огласил после нивното раскинување.
Глумицата истакнува дека ова е најубавиот период од нејзиниот живот, но дека поради тешката финансиска ситуација немала кога да одмара туку веднаш да се врати на работа.
„Моето трудничко и породилно отсуство траеше вкупно 2 месеци, самохрана мајка сум и морам да заработувам. Во декември се вратив на работа, бидејќи имам и кредит за стан кој го отплатувам,“ раскажа Лилјана за Story.rs.
Лилјана вели дека поради работата и бројните обврски се уште не успеала да ги подигне парите кои и следуваат од државата за породилното боледување, а која законски и следува.

 
– На родилките им се дава 36.000 денари за прво дете, и веќе требаше да ги добијам, но потребно е да извадам 7-8 документи, а немам толку време, па секој ден вадам по еден. Кога ќе ја соберам сета документација и ќе добијам помош, веројатно ќе ми биде малку полесно, искрено раскажува и не крие дека и пристигнува помош од сите страни.
– Имам неколку прекрасни пријатели, а преку Заводот за јавно здравје добив количка, седиште за во автомобил, чинии за храна…Еден прекрасен брачен пар финансиски ми помогна, бескрајно сум им благодарна на сите.
Биолошкиот татко на Дарија, кој Лилјана ја оставил веднаш штом дознал дека е во блажена состојба, не и се јавил по породувањето ниту пак покажал желба да го види своето дете.
– Не се ни јави, но тоа не го ни очекувам – заклучува Лилјана. Лилјана Јакшиќ Салвета на крајот од ноември на свет донесе здраво девојче Дарија, и само еден месец по нејзиното породување морала да се врати наза

Пронајдете не на следниве мрежи: