Само еднаш се сака, но дали е навистина така? Еве зошто во животот треба да се вљубите повеќе од еднаш!

Благодарение на бајките и на цртаните филмови на Дизни, повеќето жени (па дури и мажи) мислат дека во животот се вљубува само еднаш. Иако идејата за принц на бел коњ се чини сјајна, вистината е малку поинаква, а еве и зошто.Повеќето луѓе мислат дека кога ќе прекине врската ја прокоцкале приликата за љубов на нивниот живот. Навистина „селски“, бидејќи тоа е само една обична глупост, а реалноста е сосем поинаква: Парот е заедно, па сфаќаат дека работите не функционираат, и им се разделуваат патиштата. Таков е животот и тоа не значи дека веќе никогаш нема да сакате.
Исто така, мхогу се мали шансите личноста во која сте се вљубиле во средно училиште да е љубовта на вашиот живот, со која за 70 години ќе умрете гушнати во ист ден во старечкиот дом. Истото важи и за љубовта во подоцнежното животно доба. Врските што не успеале служат како потсетник за она што сакате или не сакате во новата врска и како да се однесувате, а како да не се однесувате во новата ситуација.
Сите ние ја посакуваме онаа прекрасна, волшебна, голема филмска љубов. Сепак, на некои о нас им е потребно да се заљубат и одљубат 5 пати за да дојдат до целта. Во меѓувреме, не е лошо да се биде сингл, да се ориентирате на себе, да учите и да се развивате.
Ништо нема на сила: Социјалните норми кои налагаат дека е пожелно да се пронајде партнер, не се универзални и применливи на сечиј животен стил. Некои од нас едноставно се вљубени сами во себе и не им треба некој друг, а тоа е сосем во ред.
Исто така, ако личноста е очајно фокусирана на наоѓање партнер, тоа е сценарио што е однапред осудено на катастрофа. Иако звучи клише, љубовта доаѓа кога најмалку се надеваме. Па така, влегувањето во врска од погрешни причини е темпирана бомба која никогаш никому не му донела нешто добро. Не е лесно, понекогаш откажувањето се чини како најлесен начин, но сигурно е дека љубовта ќе дојде, секому во свое време, и кога најмалку очекува.Повеќето луѓе мислат дека кога ќе прекине врската ја прокоцкале приликата за љубов на нивниот живот. Навистина „селски“, бидејќи тоа е

Пронајдете не на следниве мрежи: