Координаторите на Пратеничките групи на ДУИ и ДПА, Талат Џафери и Имер Алиу ја дадоа поддршката и се потпишаа за формирање за новата Анкетна комисија во Собранието на Република Македонија која што ќе се занимава со расчистување на скандалот со фабриката за фалсификување на лични карти, пасоши, афери и други документи, иницијатива која што вчера ја покрена Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.Од друга страна пак, Пратеничката група на СДСМ веднаш по објавувањето на идејата за формирање на Анкетна комисија за фабриката за фалсификување на лични карти, пасоши, афери и други документи, преку пратеникот Петре Шилегов извести дека го одбиваат барањето и нема да дадат поддршка за формирање на оваа Анкетна комисија.
Имено, Шилегов истакна дека скандалот со фалсификувани лични карти, пасоши и други документи кој што изминатиов период ја тресе Македонија, а за кој има индиции и за вмешаност на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и лидерот на СДСМ Зоран Заев, како што рече тој, претставува „таканаречена фабрика за афери“ и „евтин пропагандистички трик“.
„Формирањето на некаква си нова Анкетна комисија за таканаречената фабрика за афери не е ништо друго освен евтин пропагандистички трик на ВМРО-ДПМНЕ. Евтините пропагандистички трикови на ВМРО-ДПМНЕ не можат и не смеат да бидат предмет на работа на Собранието на Република Македонија“, истакна Шилегов на вчерашната прес конференција по повод иницијативата за формирање на нова Анкетна комисија.
Иако останатите пратенички групи веќе го ставија потписот за формирање на новата Анкетна комисија која треба да го расчисти скандалот со фалсификување на лични карти, пасоши и други документи, очигледно СДСМ со одбивањето на оваа иницијатива, не сака да се расчисти кој, како и зошто фалсификувал лични карти, пасоши и други документи, кој, како и зошто украл 120 илјади идентитети на личности и поседувал и тргувал со над 70 илјади прислушкувани разговори, за кои што СДСМ претходно во неколку наврати тврдеа дека само тие и никој друг не ги поседува овие прислушкувани разговори.Од друга страна пак, Пратеничката група на СДСМ веднаш по објавувањето на идејата за формирање на Анкетна комисија за фабриката за фалсификување на