Само ВАКА ризикот од добивање на рак, ќе го намалите на најниско ниво

Експертите за рак при Светската здравствена организација (WHO), објави 12 точки кои се насочени на спречување на заболување од карцином.Д-р Joachim Schuez, кој го водел ова истражување дава насоки за тоа како луѓето можат да изменат некои навики за да ја спречат појавата на рак:
1. Престанете да пушите
2. Забранете го пушењето во својот дом, како што не смее да се пуши ни на работно место.
3. Водете грижа за килограмите.
4. Бидете физички активни при извршување на секојдневните обврски. Ограничете го времето кое го поминувате седејќи.
5. Хранете се здраво.
– Јадете многу цели житарици, мешунки, зеленчук и овошје
– Ограничете ги висококалоричните намирници богати со шеќер или масти и избегнувајте засладени напитоци.
– Избегнувајте сувомеснати производи, и припазете со црвеното месо и намирници кои обилуваат со сол.
6. Доколку пиете било каков алкохол, ограничете го внесувањето на истиот. Најдобра превенција од рак е да не го консумирате воопшто…

 
7. Не се изложувајте на сонце претерано долго време, и користете крема со заштитен фактор. Обратете посебно внимание на децата.
8. И на работното место колку можете заштитете се колку што е можно повеќе од изложување на канцерогени материи.
9. Информирајте се за тоа дали сте изложени на радиоактивен плин кој се наоѓа во воздухот, а познат е под името радон.
10. Доењето го намалува ризикот од рак на дојка.
11. Вакцинирајте ги децата според правилата за вакцини
– Против хепатитис Б (новороденчиња)
– HPV (девојчиња)
12. Редовно одете на лекар на прегледи за
– рак на дебелото црево
– рак на дојка
– рак на грлото на маткатаД-р Joachim Schuez, кој го водел ова истражување дава насоки за тоа како луѓето можат да изменат некои навики за да ја спречат појавата на рак:

Пронајдете не на следниве мрежи: